Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 75:1-10

На управителот. „Не погубувај!“ Напев. Песна. Асафов+ псалм. 75  Ти благодариме, о Боже; ти благодариме,+ името твое е близу.+ Луѓето ќе зборуваат за твоите чудесни дела.+   „Зашто, одредив време.+ Јас почнувам да судам според правдата.+   Се растопија земјата и сите нејзини жители,+ а јас ги исправив нејзините столбови.“+ (Села)   Им реков на безумните: „Не бидете безумни!“+ и на злите: „Не подигајте го рогот!+   Не подигајте го високо својот рог! Не зборувајте дрско!+   Зашто, ниту од исток, ниту од запад, ниту од југ не доаѓа возвишувањето.   Зашто, Бог е судија.+ Еден понижува, а друг возвишува.+   Зашто, Јехова ја држи во рака чашата+ и се пени виното, виното опојно. Тој ќе го истури неговиот талог, сите зли на земјата ќе го испијат до капка, ќе го испијат неговиот талог“.+   А јас ќе зборувам за тоа довека, со песна ќе го славам Богот на Јаков.+ 10  „Ќе ги скршам сите рогови на злите.“+ Ќе се подигнат роговите на праведникот.+

Фусноти