Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Псалми 74:1-23

Маскил.* Асафов+ псалм. 74  О Боже, зошто нѐ отфрли засекогаш?+ Зошто пламна твојот гнев против стадото на твоето пасиште?+   Сети се на заедницата на својот народ што одамна си ја стекна,+ на племето што си го откупи како наследство,+ на оваа гора Сион на која си се населил.+   Зачекори кон вековните урнатини.+ Непријателот постапуваше лошо со сѐ во светото место.+   Твоите противници рикаат среде твоето место за средби.+ Своите знаци ги поставија како ознаки.+   На лош глас се како оние што од високо замавнуваат со секирите на стеблата во честаците.   И сега со секири и со греди со железни врвови ги разбиваат неговите резби.+   На оган го предадоа твоето светилиште.+ До земја го осквернија местото на кое престојува твоето име.+   Тие, заедно со своето потомство, си рекоа во срцето: „Сите Божји места за средби во земјата треба да се запалат“.+   Не ги гледаме своите знаци, нема повеќе пророци,+ а ниту еден од нас не знае до кога. 10  До кога, Боже, ќе се подбива противникот?+ Дали непријателот засекогаш ќе покажува презир кон твоето име?+ 11  Зошто ја повлекуваш раката, својата десница+ извлечена од пазувите, и дозволуваш да изгинеме? 12  Но Бог е мојот Цар од дамнина,+ тој дава величествено спасение среде земјата.+ 13  Ти го разбранува морето со својата сила,+ им ги смачка главите на морските чудовишта во водите.+ 14  Ти му ги здроби главите на левијатанот,*+ им го даде за храна на луѓето, на оние што живеат во безводни краишта.+ 15  Ти ги отвори изворите и пороите,+ ти ги исуши реките што постојано течеа.+ 16  Твој е денот и твоја е ноќта,+ ти го постави сонцето, изворот на светлина.+ 17  Ти ѝ ги одреди сите граници на земјата,+ ти ги направи летото и зимата.+ 18  Сети се: непријателот се подбиваше, Јехова,+ и безумен народ покажуваше презир кон твоето име.+ 19  Не давај им ја на ѕверовите душата на својата грлица.+ Животот на своите страдалници немој да го забораваш засекогаш.+ 20  Погледни го својот сојуз,+ зашто мрачните места на земјата се полни со насилнички живеалишта.+ 21  Згазениот нека не се врати понижен.+ Страдалникот и сиромавиот нека го фалат твоето име.+ 22  Стани, Боже, води ја својата парница.+ Сети се како те срамотеше безумникот по цел ден.+ 23  Не заборавај го гласот на своите противници.+ Викотницата на оние што стануваат против тебе непрестајно се крева.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Види ја фуснотата за Јов 3:8.