Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 73:1-28

Асафова+ песна. 73  Бог е навистина добар кон Израел, кон оние што имаат чисто срце.+   А мене за малку нозете ќе ми застранеа од патот,+ моите чекори за малку ќе се слизнеа,+   зашто почнав да им завидувам на фалбаџиите+ кога гледав како злите живеат во мир.+   Зашто, тие не знаат за смртни болки,+ голем им е стомакот.+   Не знаат за маките на смртниот човек+ и не се мачат како другите луѓе.+   Затоа вообразеноста им е како ѓердан,+ насилството ги покрива како облека.+   Очите им се надуени од дебелина,+ ги надминаа и замислите на своето срце.+   Се подбиваат и зборуваат за зло,+ вообразено зборуваат за измама.+   Нивното фалење допира до небо,+ а нивниот јазик ја обиколува земјата.+ 10  Тој го враќа народот и за нив се излева изобилство вода. 11  И велат: „Како ќе дознае Бог?+ Има ли знаење во Севишниот?“+ 12  Ете, злите се спокојни довека,+ го трупаат своето богатство.+ 13  Навистина, залудно си го исчистив срцето+ и што си ги измив рацете за да покажам дека сум невин.+ 14  Злото ме погодува по цел ден,+ укорот ми доаѓа секое утро.+ 15  Да речев: „И јас ќе зборувам така“, би го изневерил поколението од твои синови.+ 16  И размислував за да го сфатам тоа,+ но беше мачно во моите очи 17  сѐ додека не отидов во величественото светилиште на Бог.+ Сакав да разберам каква ќе им биде иднината.+ 18  Навистина, ги ставаш на лизгаво место,+ ги туркаш во пропаст.+ 19  Каква ужасна глетка стануваат за миг!+ Како им доаѓа крајот, како ги снемува од ненадејни стравотии! 20  Како што човек го презира сонот кога ќе се разбуди,+ така ти, Јехова, кога ќе станеш, ќе ја презреш нивната положба.+ 21  Зашто, во срцето имав чемер,+ а болка ми ги прободуваше бубрезите,*+ 22  и бев неразумен и не можев да сфатам+ во твои очи бев како животно.+ 23  Но јас сум секогаш со тебе,+ ти ме фати за десницата.+ 24  Ќе ме водиш со својот совет+ и потоа ќе ме доведеш до слава.+ 25  Кого имам на небото?+ Освен тебе, друга радост немам на земјата.+ 26  Ми премалеа телото и срцето.+ Бог е карпата на моето срце и моето наследство за навек.+ 27  Зашто, еве, оние што се оддалечуваат од тебе ќе исчезнат.+ Ќе го погубиш* секој што ти е неверен и те напушта.+ 28  А мене ми е добро да бидам близу до Бог,+ Севишниот Господар Јехова е моето засолниште.+ Ќе ги објавам сите твои дела.+

Фусноти

Или: „најскриените чувства“.
Буквално: „замолчиш“.