Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 72:1-20

Во врска со Соломон. 72  Боже, дај му ги своите закони на царот+ и својата правда на царевиот син.+   Нека му суди на твојот народ според правдата+ и на страдалниците твои според законот.+   Планините и ридовите нека му донесат мир на народот+ со правдата.   Нека им суди на страдалниците од народот,+ нека ги спаси синовите на сиромавиот и нека го сотре оној што ги измамува.   Тие ќе се бојат од тебе додека постои сонцето+ и додека постои месечината, од поколение во поколение.+   Тој ќе се спушти како дожд на косена трева,+ како обилни дождови што ја натопуваат земјата.+   Во неговите дни ќе процвета праведникот+ и ќе има голем мир сѐ додека постои месечината.+   Ќе има поданици од море до море+ и од Реката*+ до краиштата на земјата.+   Пред него ќе се поклонат жителите на безводните краишта,+ неговите непријатели ќе ја лижат прашината.+ 10  Царевите на Тарсис и на островите*+ ќе плаќаат данок.+ Царевите на Сава и Сева ќе донесуваат подароци.+ 11  И сите цареви ќе паднат ничкум пред него,+ сите народи ќе му служат.+ 12  Зашто, тој ќе го избави сиромавиот кој вика за помош,+ страдалникот и секој што нема помошник.+ 13  Ќе се сожали на бедниот и на сиромавиот+ и ќе ги спаси душите на сиромасите.+ 14  Од угнетување и од насилство ќе ја откупи нивната душа, нивната крв ќе биде скапоцена во негови очи.+ 15  Нека биде жив+ и нека му дадат злато од Сава.+ Луѓето за него постојано нека се молат, благослов нека го следи по цел ден.+ 16  На земјата житото богато ќе роди,+ по планинските врвови ќе го има во изобилство.+ Неговиот род ќе биде како ливанските дрвја,+ а градските жители ќе цветаат како растенијата на земјата.+ 17  Неговото име нека трае довека!+ Неговото име нека расте пред сонцето и со Него нека се благословуваат луѓето!+ Сите народи нека го нарекуваат среќен!+ 18  Да е благословен Јехова Бог, Богот на Израел,+ кој е единствен што прави чудесни дела.+ 19  И да е благословено неговото славно име довека,+ неговата слава нека ја исполни целата земја.+ Амин! Амин!* 20  Овде завршуваат молитвите на Давид, синот на Јесеј.+

Фусноти

Односно Еуфрат.
Или: „приморските краишта“.
Види ја фуснотата за Пс 41:13.