Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 71:1-24

71  Ти си, Јехова, моето прибежиште.+ Не дозволувај никогаш да се посрамам.+   Во својата праведност избави ме и ослободи ме.+ Приклони го увото кон мене и спаси ме!+   Биди ми камена тврдина во која ќе влегувам секогаш.+ Заповедај да бидам спасен,+ зашто ти си мојата карпа и мојата тврдина.+   Боже мој, ослободи ме од раката на злиот,+ од дланката на оној што постапува неправедно и угнетува други.+   Зашто, ти си мојата надеж,+ Севишен Господару Јехова, мојата доверба од младоста моја.+   На тебе се потпирам откако излегов од утробата,+ ти ме одвои од мајчината утроба.+ Тебе те фалам непрестајно.+   На мнозина им станав како чудо,+ но ти си моето цврсто прибежиште.+   Устата ми е полна со фалба за тебе,+ за твојата убавина таа зборува по цел ден.+   Немој да ме отфрлиш на старост!+ Кога ќе ме издаде силата, немој да ме оставиш!+ 10  Зашто, моите непријатели зборуваат за мене,+ оние што ја демнат мојата душа заедно се договараат,+ 11  и велат: „Бог го оставил.+ Прогонувајте го и фатете го, зашто нема кој да го избави“.+ 12  О Боже, не биди далеку од мене!+ Боже мој, побрзај да ми помогнеш!+ 13  Нека се засрамат и нека исчезнат оние што ѝ се противат на мојата душа.+ Нека се покријат со срам и со понижување оние што ми посакуваат несреќа.+ 14  А јас постојано ќе чекам,+ и ќе те фалам сѐ повеќе. 15  Мојата уста ќе ја објавува твојата праведност,+ твоето спасение+ по цел ден, зашто не им го знам бројот.+ 16  Ќе дојдам со глас за твојата голема моќ,+ Севишен+ Господару Јехова, ќе зборувам за твојата праведност, само за твојата праведност.+ 17  Боже, ти ме учеше од мојата младост,+ и сѐ досега зборувам за твоите чудесни дела.+ 18  Не оставај ме ни во староста, кога ќе ми побели косата, о Боже,+ за да можам да му раскажувам на следното поколение+ за твојата рака, на сите што ќе дојдат — за твојата моќ.+ 19  Твојата праведност, Боже, стигнува до висините.+ Во големите дела што ги направи,+ Боже, кој е како тебе?+ 20  Ти ми даде да видам многу маки и неволји,+ затоа оживеј ме повторно+ и од водните бездни на земјата повторно извлечи ме.+ 21  Зголеми ја мојата величина,+ застани околу мене и утеши ме!+ 22  И јас ќе те фалам со псалтир,+ поради твојата вистинољубивост, Боже мој.+ Ќе ти свирам на харфа, Светецу Израелов.+ 23  Моите усни ќе извикуваат радосно кога ќе ти засвирам,+ и мојата душа, која ја откупи.+ 24  И мојот јазик по цел ден тивко ќе зборува за твојата праведност,+ зашто се посрамија, се засрамија оние што ми посакуваат несреќа.+

Фусноти