Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 70:1-5

На управителот. Давидов псалм, за потсетување.+ 70  Боже, побрзај да ме избавиш!+ Јехова, побрзај да ми помогнеш!+   Нека се посрамат и нека се засрамат оние што ја бараат мојата душа.+ Нека отстапат и нека бидат понижени оние што се радуваат на мојата неволја.+   Нека отстапат од срам оние што ми велат: „Така! Така!“+   Нека се веселат и нека ти се радуваат тебе сите што те бараат,+ и секогаш нека велат: „Да се велича Бог!“ — оние што го љубат спасението кое доаѓа од тебе.+   А мене ме притиска неволја и мака.+ Боже, брзо помогни ми!+ Ти си моја помош и мој избавител.+ Јехова, не задоцнувај!+

Фусноти