Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 7:1-17

Давидова тажачка, која му ја испеа на Јехова поради зборовите на Хус од племето на Венијамин. 7  О Јехова, Боже мој,+ ти си ми прибежиште.+ Спаси ме од сите што ме прогонуваат и избави ме,+   за никој да не ми ја растргне душата како лав,+ да не ме зграпчи кога нема кој да ме избави.+   Јехова, Боже мој, ако сум направил некакво зло,+ ако има неправда во моиве раце,+   ако сум му возвратил со зло на оној што ме наградува+ или сум го ограбил оној што безуспешно ме напаѓа,+   непријателот нека ја гони мојата душа,+ и нека го земе мојот живот и нека го згази на земја и нека ја собори мојата слава во правот. (Села)   Стани, Јехова, во својата јарост,+ крени се против гневот на моите противници,+ разбуди се заради мене,+ зашто ти заповеда да се изврши правдата.+   Многу народи нека те опколат, врати се во височините и тргни против нив.   Јехова ќе им изрече пресуда на народите.+ О, суди ми, Јехова, според мојата праведност+ и според мојата беспрекорност.*+   Те молам, нека ѝ дојде крајот на злобата на лошите луѓе,+ а праведникот утврди го;+ праведниот Бог+ ги испитува срцето+ и бубрезите.*+ 10  Мојот штит е кај Бог,+ Спасителот на оние што имаат чесно срце.+ 11  Бог е праведен Судија,+ Бог жестоко го осудува злото секој ден. 12  Ако некој не се одврати од злото,+ тој ќе го наостри својот меч,+ ќе го оптегне лакот и ќе го подготви за фрлање стрели.+ 13  Ќе подготви оружје смртоносно,+ стрелите свои ќе ги претвори во стрели пламени.+ 14  Види го оној што забремени со пакост,+ зачна зло и ќе роди лага.+ 15  Ископа јама и ја продлабочи,+ но ќе падне во дупката што ја направи.+ 16  Злото негово ќе му дојде на глава+ и на темето ќе му падне насилството негово.+ 17  А јас ќе го фалам Јехова поради неговата праведност+ и со песна ќе го славам името+ на Јехова Севишниот.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „најскриените чувства“.