Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 69:1-36

На управителот, за „Криновите“.+ Давидов псалм. 69  Спаси ме, Боже, зашто водите ѝ се закануваат на мојата душа.+   Потонав во длабока тиња, нема дно за да застанам.+ Се најдов во длабоки води, струјата ме носи.+   Премалев од викање,+ грлото ми засипна, очите ми ослабеа додека го чекав мојот Бог.+   Оние што без причина ме мразат ги има повеќе отколку влакната на мојата глава.+ Оние што сакаат да ме погубат,* кои ми се непријатели без причина, се многу на број.+ Она што не сум го ограбил, морам да го враќам.   Боже, ти ја знаеш мојата безумност, мојата вина не е скриена од тебе.+   Нека не се посрамат поради мене оние што се надеваат на тебе,+ Севишен Господару, Јехова над војските!+ Нека не бидат понижени поради мене оние што те бараат,+ Боже Израелов!+   Зашто, заради тебе поднесувам подбив,+ понижување го покрива моето лице.+   Им станав туѓинец на своите браќа,+ странец на синовите на мојата мајка.+   Зашто, ревноста за домот твој ме изеде,+ подбивите на оние што тебе ти се подбиваа, паѓаат на мене.+ 10  Плачам и постам со својата душа,+ но тоа ме изложува на подбив.+ 11  Откако зедов козина за облека, ме спомнуваат со презир.*+ 12  Оние што седат на портите зборуваат за мене,+ за мене пеат оние што пијат опојни пијалаци.+ 13  А јас тебе ти се молам, Јехова,+ во времето на твоето милосрдие,* Боже.+ Според твојата голема милост* услиши ме, и покажи дека си вистински спасител.+ 14  Избави ме од тињата, за да не потонам.+ Избави ме од оние што ме мразат+ и од длабоките води.+ 15  Нека не ме однесе водната струја,+ нека не ме проголта длабочината, бунарот нека не ја затвори устата над мене.+ 16  Услиши ме, Јехова, зашто твојата милост* е добра.+ Според твоето големо милосрдие погледни ме,+ 17  немој да го криеш лицето од својот слуга.+ На големи маки сум, затоа услиши ме брзо!+ 18  Приближи ѝ се на мојата душа, избави ја,+ од моите непријатели откупи ме!+ 19  Ти го знаеш мојот подбив и мојот срам и моето понижување.+ Пред тебе се сите оние што ми се противат.+ 20  Подбивањето ми го скрши срцето, раната е неизлечлива.+ Се надевав дека некој ќе ми покаже сочувство, но немаше таков,+ и дека некој ќе ме утеши, но не најдов таков.+ 21  Туку за јадење ми дадоа отровна билка,+ жедта сакаа да ми ја згаснат со оцет.+ 22  Нивната трпеза пред нив нека им стане замка+ и она што е за нивно добро нека им стане стапица.+ 23  Очите нека им потемнат за да не гледаат,+ и нека им се тресат бедрата постојано.+ 24  Излеј ја својата осуда+ врз нив и нека ги стигне твојот распламтен гнев.+ 25  Нивниот логор нека запусти,+ во нивните шатори нека нема жители.+ 26  Зашто, го прогонуваат оној кого ти го удри+ и постојано зборуваат за болките на оние што ги прободе. 27  На нивната вина додај уште поголема вина+ и нека не дојдат во твојата праведност.+ 28  Нека бидат избришани од книгата на живите+ и нека не бидат запишани со праведниците.+ 29  А јас сум во неволја и во болка.+ Твоето спасение, Боже, нека ме заштити!+ 30  Со песна ќе го фалам+ Божјето име и ќе го величам Бог со благодарности.+ 31  Тоа на Јехова ќе му биде помило од бик,+ од рогат јунец со раздвоени копита.+ 32  Кротките ќе го видат тоа и ќе се радуваат.+ Вие кои го барате Бог, нека живее вашето срце!+ 33  Зашто, Јехова ги слуша сиромасите,+ тој нема да ги презре своите заробеници.+ 34  Нека го фалат небото и земјата,+ морињата и сѐ што се движи во нив.+ 35  Зашто, Бог ќе го спаси Сион+ и ќе ги изгради градовите на Јуда.+ Тие ќе живеат таму и ќе ја заземат земјата.+ 36  Потомците на неговите слуги ќе ја наследат+ и оние што го сакаат неговото име ќе живеат на неа.+

Фусноти

Буквално: „замолчат“.
Буквално: „им станав изрека (пословица)“.
Или: во поволно (прифатливо) време“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.