Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 68:1-35

На управителот. Давидов псалм. Песна. 68  Нека стане Бог,+ нека се расеат неговите непријатели,+ нека побегнат од неговото лице оние што многу го мразат.+   Како што се растерува дим, така растерај ги и нив.+ Како што восок се топи на оган,+ така злите нека изгинат пред Бог.+   А праведниците нека се радуваат,+ нека се веселат пред Бог+ и нека воскликнуваат радосно!+   Пејте му на Бог, фалете го со песна неговото име!+ Запејте му на Оној што минува низ пустите рамници!+ Тоа е Јах* — тоа е името негово+ — и веселете се пред него!   Бог во своето свето живеалиште+ им е татко на децата без татко и судија на вдовиците.+   Бог ги населува во куќа оние што се сами,+ ги изведува заробениците и им дава потполна благосостојба.+ А тврдоглавите ќе живеат во спржена земја.+   Боже, кога чекореше пред својот народ,+ кога чекореше низ пустината,+ (села)   земјата се тресеше,+ од небото прокапа дожд пред лицето Божје,+ овој Синај се затресе пред лицето на Бог,+ Богот на Израел.+   Боже, ти излеваше обилен дожд.+ Ти му даде нова сила на твоето наследство кога беше уморно.+ 10  Тие живееја+ во твоите шатори,+ кои со својата добрина, Боже, ги подготви за страдалниците.+ 11  Јехова испраќа збор+ жените што ја објавуваат добрата вест се голема војска.+ 12  Бегаат царевите што заповедаат на војски, бегаат.+ А на онаа што останува дома, и нејзе ѝ се дава плен.+ 13  Иако лежевте во логорот меѓу купишта пепел, ќе добиете крилја на гулабица обложени со сребро, а нејзините летни перја — со жолто* злато.+ 14  Кога Семоќниот ги растера царевите во таа земја,+ на Салмон+ почна да паѓа снег. 15  Васанските+ планински предели се планина Божја,+ васанските планински предели се планина полна со врвови.+ 16  О планини полни со врвови, зошто ја гледате со завист планината на која Бог посака да живее?+ Да, Јехова ќе живее на неа засекогаш.+ 17  Божјите бојни коли ги има десетици илјади, илјадници и илјадници.+ Јехова дојде од Синај на светото место.+ 18  Ти се вознесе во висините,+ одведе заробеници,+ зеде луѓе како дарови,+ па и оние што се тврдокорни,+ за да живееш меѓу нив,+ о Боже Јах. 19  Нека е благословен Јехова, кој секој ден ни го носи товарот,+ вистинскиот Бог на нашето спасение.+ (Села) 20  Вистинскиот Бог е за нас Бог кој спасува.+ Јехова, Севишниот+ Господар, може да го избави човекот од смртта.*+ 21  Навистина, Бог ќе им ја здроби главата на своите непријатели+ и косестото теме на секој што истрајува* во својот престап.+ 22  Јехова рече: „Ќе ги вратам од Васан,+ ќе ги вратам од морските длабочини,+ 23  за да ја измиеш својата нога во крв,+ за твоите пци да ја лижат крвта на непријателите“.+ 24  Ги видоа твоите поворки, Боже,+ поворките на мојот Бог, мојот Цар, кои одат во светото место.+ 25  Пејачите одеа напред, свирачите на жичени инструменти по нив,+ а во средината девојките што удираат на дајриња.+ 26  Во насобраните мноштва благословувајте го Бог,+ Јехова, вие што сте од Изворот на Израел!+ 27  Малиот Венијамин ги покорува,+ кнезовите на Јуда со своето мноштво што воскликнува, кнезовите на Завулон, кнезовите на Нефталим.+ 28  Твојот Бог заповеда да се појави твојата сила.+ Покажи ја својата сила, Боже, ти кој се заземаш за нас!+ 29  Заради твојот храм во Ерусалим,+ цареви ќе ти носат дарови.+ 30  Закани му се на ѕверот во трските,+ на стадото бикови,+ со телињата на народите, на сите што газат по сребро!+ Ги растури народите кои уживаат во борби.+ 31  Бронзени предмети ќе дојдат од Египет,+ Хус* брзо ќе ги испружи рацете со дарови кон Бог.+ 32  Царства на земјата, пејте му на Бог,+ фалете го Јехова со песна, (села) 33  оној што јава по исконското небо над небесата.+ Слушајте, грми со својот глас, со својот силен глас.+ 34  Признајте ја Божјата сила.+ Неговата возвишеност е над Израел и неговата сила е во облаците.+ 35  Бог влева страв од своето величествено светилиште.+ Тој е Богот на Израел, тој дава сила, му дава моќ на народот.+ Благословен да е Бог!+

Фусноти

Види ги фуснотата за 2Мо 15:2 и додатокот 1.
Буквално: „зеленикаво-жолто“.
Или: „да го врати човекот од смртта“.
Буквално: „оди“.
Или: „Етиопија“.