Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 66:1-20

На управителот. Псалм, песна. 66  Воскликнувајте му победнички на Бог, сите луѓе на земјата!+   Фалете го со песна неговото славно име!+ Фалете го Бог и славете го!+   Речете му на Бог: „Колку се застрашувачки твоите дела!+ Поради твојата голема сила, твоите непријатели покорно ќе дојдат кај тебе.+   Сите луѓе на земјата ќе ти се поклонат тебе+ и со песна ќе те фалат, со песна ќе го фалат твоето име“.+ (Села)   Дојдете и гледајте ги делата на Бог!+ Тој постапува застрашувачки+ со човечките синови.   Го претвори морето во сува земја,+ тие ја прегазија реката.+ Таму тој нѐ израдува.+   Со својата сила тој владее довека,+ неговите очи внимаваат на народите.+ А оние што се тврдоглави, нека не се возвишуваат.+ (Села)   Благословувајте го нашиот Бог, народи,+ разгласувајте ја неговата фалба!+   Тој ѝ дарува живот на нашата душа,+ не дозволува да ни се затетерави ногата.+ 10  Зашто, ти нѐ испита, Боже,+ нѐ пречисти како што се чисти сребро.+ 11  Нѐ доведе во ловечка мрежа,+ ни стави бреме на плеќите. 12  Дозволи смртниот човек да ни гази по главата,+ минавме низ оган и вода,+ а ти ни донесе олеснување.+ 13  Во твојот дом ќе дојдам со цели жртви паленици,+ ќе ти ги исполнам моите завети,+ 14  кои ти ги изреков со моите усни+ и ги изговорив со устата моја кога ми беше тешко.+ 15  Цели жртви паленици од згоени животни ќе ти принесам тебе,+ со чадот од жртвени овни. Ќе ти принесам јунец со јарци.+ (Села) 16  Дојдете, слушајте сите што се боите од Бог, ќе ви раскажам+ што направи тој за мојата душа.+ 17  Него го повикав со својата уста+ и со својот јазик+ го возвишував. 18  Да размислував за зло во срцето, Јехова немаше да ме чуе.+ 19  Но Бог слушна,+ го чу гласот на мојата молитва.+ 20  Нека е благословен Бог, кој не ја одби мојата молитва и не ја одврати од мене својата милост.*+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.