Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 64:1-10

На управителот. Давидова песна. 64  Чуј го, Боже, гласот мој во грижата моја!+ Зачувај ми го животот од стравотијата на непријателот!+   Скриј ме од тајните договори на злосторникот,+ од вревата на оние што прават зло,+   кои го острат јазикот како меч+ и нишанат со своите стрели — со зборови остри+   за потајно да го погодат непорочниот.*+ Ненадејно гаѓаат со стрела во него и не се плашат.+   Упорно зборуваат лошо,+ зборуваат за тоа како скришум ќе постават замки.+ Велат: „Кој ги гледа?“+   Смислуваат неправедни дела,+ ги држат во тајност лукаво смислените сплетки,+ а какви се однатре, во срцето — тоа длабоко го кријат.+   Но Бог ненадејно ќе фрли стрела на нив.+ Зададени им се рани,+   го спрепнуваат другиот,+ но нивниот јазик е против самите нив.+ Сите што ќе ги видат, нишаат со главата вџашено,+   и сите земни луѓе ќе се исплашат,+ ќе зборуваат за она што Бог го прави+ и ќе ги запознаат неговите дела.+ 10  А праведникот ќе му се радува на Јехова — тој ќе биде негово прибежиште.+ Ќе се гордеат сите што имаат справедливо срце.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.