Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 63:1-11

Песна која ја напиша Давид кога се најде во Јудејската Пустина.+ 63  Боже, ти си мој Бог, тебе те барам.+ Мојата душа жеднее за тебе.+ Моето тело гине од копнеж по тебе во земја сува и исушена, каде што нема вода.+   Така те гледав во светото место,+ откако ја видов твојата сила и твојата слава.+   Твојата милост* е подобра од животот,+ затоа ќе те фалат моите усни.+   Затоа ќе те благословувам додека сум жив,+ во твое име ќе ги подигам рацете во молитва.+   Мојата душа се насити како со најдобриот дел, како со лој,+ и мојата уста те фали со радосен восклик на усните.+   Кога ќе се сетам на тебе в постела,+ за време на ноќните стражи, размислувам за тебе.+   Зашто, ти ми помагаш,+ во сенката на твоите крилја воскликнувам радосно.+   Мојата душа се прилепи до тебе,+ твојата десница цврсто ме држи.+   А оние што ѝ посакуваат пропаст на мојата душа+ ќе отидат во најдлабоката длабочина на земјата.+ 10  Ќе бидат предадени на власта на мечот,+ ќе станат храна за лисиците.+ 11  А Бог ќе биде радоста на царот.+ Секој што во него се заколнува, ќе се гордее,+ зашто ќе им биде затната устата на оние што кажуваат лаги.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.