Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 62:1-12

На управителот, за једутун.* Давидова песна. 62  Мојата душа го чека Бог во тишина.+ Од него доаѓа моето спасение.+   Тој ми е карпа и спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+ и да се сопнам, нема да паднам.+   До кога ќе му се нафрлате на човекот кого сакате да го убиете?+ Сите вие сте како навален ѕид, ѕид каменен што се руши.+   Вистина, тие даваат лоши совети за да го соборат човекот од неговата почесна положба.+ Тие уживаат во лагата.+ Со устата благословуваат, а во себе проколнуваат.+ (Села)   Тивко чекај го Бог, о душо моја,+ зашто од него доаѓа мојата надеж.+   Тој ми е карпа и спасение, моја сигурна тврдина на високо место,+ нема да се затетеравам.+   Бог ми е спасение и слава.+ Бог ми е цврста карпа и прибежиште.+   Имај доверба во него, народе, во секое време!+ Излевајте го срцето пред него!+ Бог е наше прибежиште.+ (Села)   Навистина, синовите земни се само здив,+ синовите човечки се лажно прибежиште.+ Кога сите заедно ќе ги ставиш на вага, полесни се од здив.+ 10  Не надевајте се на измамата,+ не полагајте празна надеж во грабежот!+ Ако ви расте имотот, не дозволувајте срцето да ви се приврзе за него.+ 11  Бог рече еднаш, двапати го слушнав ова:+ моќта му припаѓа на Бог.+ 12  И милоста* е во тебе, Јехова,+ зашто ти му плаќаш секому според неговото дело.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 39, наслов.
Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.