Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 61:1-8

На управителот, за жичени инструменти. Давидов псалм. 61  Чуј го, Боже, моето преколнување!+ Сослушај ја мојата молитва!+   Од крајот на земјата ќе повикам кон тебе кога ќе ми премали срцето.+ Поведи ме на карпа на која не можам да се качам!+   Зашто, ти си моето прибежиште,+ цврста кула пред лицето на непријателот.+   Во твојот шатор ќе бидам гостин довека,+ под заштитата на твоите крилја ќе најдам засолниште.+ (Села)   Зашто, ти, Боже, слушна што ти се заветував.+ Ми даде такво наследство какво што им припаѓа на оние што се бојат од името твое.+   Ќе придодадеш денови на деновите на царот,+ неговите години нека се нижат како поколенијата.+   Довека ќе живее тој пред Бог;+ испрати ги милоста* и вистинољубивоста за да го чуваат.+   А јас засекогаш ќе го славам твоето име со песна,+ за да ги исполнувам моите завети од ден на ден.+

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.