Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 60:1-12

На управителот, за „Кринот за потсетување“. Миктам.* Давидов псалм. За поучување.+ Кога се бореше со војската на Арам-Нахараим и на Арам-Зова, а Јоав се врати и погуби дванаесет илјади Едомци во Солената Долина.+ 60  О Боже, ти нѐ отфрли, продре во нашите редови,+ се разгневи. Прифати нѐ повторно.+   Ја потресе земјата, ја раствори.+ Затвори ги нејзините пукнатини, зашто се ниша.+   На својот народ му даде да види неволја.+ Ни даде да пиеме вино од кое се тетеравиме.+   На оние што се бојат од тебе им даде собирен знак+ за да побегнат од лакот. (Села)   За да бидат избавени оние што ги сакаш,+ спаси нѐ со својата десница и услиши нѐ!+   Бог рече во својата светост:+ „Ќе воскликнувам, ќе го дадам Сихем+ во наследство, ќе ја измерам рамницата Сокот.+   Галад е мој и Манасија е мој,+ Ефрем е тврдина на мојот поглавар, Јуда е мојата заповедничка палка.+   Моав е сад во кој ќе си ги измијам нозете.+ На Едом ќе ја фрлам својата сандала.+ Над Филистеја ќе воскликнувам победнички“.+   Кој ќе ме доведе до опколениот град?+ Кој ќе ме води дури до Едом?+ 10  Зар нема ти, Боже, кој нѐ отфрлаше досега+ и не одеше со нашите војски иако си наш Бог?+ 11  Помогни ни во неволја,+ зашто залудно е да се надеваме на спасение од земен човек.+ 12  Од Бог ќе добиеме сила,+ тој ќе ги згази нашите противници.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 16, наслов.