Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 59:1-17

На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам.* Кога Саул испрати луѓе да ја набљудуваат куќата на Давид за да го убијат.+ 59  Избави ме од непријателите, Боже мој,+ заштити ме+ од оние што се креваат против мене!   Избави ме од оние што прават зло+ и спаси ме од луѓето што се виновни за крв!   Зашто, еве, ја демнат мојата душа,+ силници ме напаѓаат,+ а јас, Јехова, не сум направил престап,* не сум направил грев.+   Иако не сум виновен, тие трчаат и се подготвуваат.+ Стани кога те повикувам и гледај!+   Ти си, о Јехова, Боже над војските, Бог на Израел.+ Разбуди се и погледни ги сите народи!+ Немој да му се смилуваш на ниту еден зол предавник.+ (Села)   Тие се враќаат навечер,+ лаат како кучиња+ и го обиколуваат целиот град.+   Еве, блујат зборови од устата,+ на усните имаат мечеви,+ зашто, кој слуша?+   Но, ти, Јехова, ќе им се смееш,+ ќе се подбиваш со сите народи.+   Сило моја, кон тебе ќе гледам.+ Зашто, Бог ми е сигурна тврдина на високо место.+ 10  Бог, кој ми покажува милост,* ќе ми дојде во пресрет,+ Бог ќе ми даде да ликувам над моите непријатели.+ 11  Не погубувај ги, за да не заборави мојот народ.+ Со својата сила натерај ги да скитаат+ и собори ги, Јехова, штиту наш,+ 12  поради гревот на нивната уста, поради зборот на нивните усни;+ и нека се фатат во својата гордост,+ зашто постојано ги повторуваат клетвите и измамите. 13  Уништи ги во гневот,+ уништи ги за да ги нема повеќе, па нека знаат дека Бог владее во Јаков до краиштата на земјата.+ (Села) 14  И нека се вратат навечер, нека лаат како кучиња и нека го обиколуваат целиот град.+ 15  Нека скитаат барајќи храна,+ нека не се наситат и нека не најдат ноќевалиште.+ 16  А јас ќе пеам за твојата сила+ и радосно ќе кажувам наутро за твојата милост.*+ Зашто, ти беше за мене сигурна тврдина на високо место+ и место на коешто бегав во денот на мојата неволја.+ 17  Сило моја, тебе ќе ти свирам и ќе те фалам,+ зашто Бог е мојата сигурна тврдина на високо место, Бог кој ми покажува милост.*+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 16, наслов.
Или: „бунт; бунтовнички престап“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Или: „лојална љубов“.