Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 58:1-11

На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам.* 58  Дали навистина зборувате за правда ако молчите?+ Можете ли да судите праведно, синови човечки?+   А вие со сето срце вршите голема неправда на земјата+ и му подготвувате пат на злото што го прават вашите раце.+   Злите се изопачени уште од мајчината утроба,+ скитаат откако се родени, кажуваат лаги.+   Нивниот отров е како змиски отров,+ глуви се како кобрата која го затвора увото свое+   и не го слуша гласот на оние што со баење+ ја скротуваат, иако вештиот скротител сака да ја маѓепса.+   О Боже, скрши им ги забите во устата!+ Јехова, здроби им ги челустите на младите лавови!   Нека се растопат и нека ги снема како вода што истекува.+ Тој нека го оптегне лакот за своите стрели додека тие паѓаат премалени.+   Тие одат како полжав што умира,* како дете кое жена го пометнала, сонце нема да видат.+   Пред вашите котли да ја почувствуваат топлината од потпалените трње,+ тој ќе го однесе како виорен ветар+ и она што е зелено и она што гори. 10  Праведникот ќе се радува затоа што ќе ја види одмаздата.+ Ќе ги измие нозете во крвта на злиот.+ 11  А луѓето ќе речат:+ „Навистина, имало награда за праведникот!+ Навистина има Бог кој на земјата суди!“+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 16, наслов.
Буквално: „се топи“.