Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 57:1-11

На управителот. „Не погубувај!“ Давидов псалм. Миктам.* Кога побегна во пештерата+ од Саул. 57  Смилувај ми се, Боже, смилувај ми се,+ зашто мојата душа најде прибежиште кај тебе;+ во сенката на крилјата твои наоѓам прибежиште додека да поминат неволјите.+   Го повикувам Севишниот Бог, вистинскиот Бог кој ќе ги погуби заради мене.+   Тој ќе испрати помош од небесата и ќе ме спаси.+ Ќе го збуни оној што сака да ме зграпчи со забите.+ (Села) Бог ќе ги испрати својата милост* и својата вистинољубивост.+   Мојата душа е меѓу лавови,+ ќе морам да лежам меѓу оние што голтаат, меѓу синовите човечки, чии заби се како копја и стрели,+ чиј јазик е остар меч.+   Возвиши се над небесата, о Боже,+ твојата слава нека биде над целата земја.+   Тие наместија мрежа за моите чекори,+ мојата душа се свитка.+ Пред мене ископаа јама како стапица, самите паднаа во неа.+ (Села)   Моето срце е постојано, Боже,+ моето срце е постојано. Ќе пеам и со песна ќе те фалам.+   Разбуди се, славо моја;+ разбуди се, псалтире, и ти, харфо!+ Ќе ја разбудам зората.   Ќе те фалам меѓу народите, Јехова,+ со песна ќе те славам меѓу племињата.+ 10  Зашто, твојата милост* е голема до небото+ и твојата вистинољубивост до облаците.+ 11  Возвиши се над небесата, Боже,+ Твојата слава нека биде над целата земја.

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 16, наслов.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.