Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 55:1-23

На управителот, за жичени инструменти. Маскил.* Давидов псалм. 55  Боже, приклони го увото кон молитвата моја,+ не криј се кога те молам да бидеш милостив.+   Сослушај ме и одговори ми.+ Талкам вознемирен поради својата грижа,+ на немирот не можам да му се оттргнам,   поради гласот на непријателот, поради притисокот од злобниот.+ Зашто, на мене фрлаат зло+ и во својот гнев ме мразат.+   Моето срце е во силна болка,+ смртен страв ме фати.+   Страв и трепет влегува во мене,+ ми поминуваат морници.   И велам: „О, да имав крилја како гулаб!+ Би одлетал и би нашол починка.+   Еве, би одлетал далеку,+ би живеел во пустина.+ (Села)   Би побрзал на местото на своето прибежиште, пред силниот ветар, пред луњата“.+   Збркај го, Јехова, раздели го нивниот јазик,+ Зашто, видов насилство и караница во градот.+ 10  Дење и ноќе го обиколуваат по неговите ѕидишта,+ пакост и зло има во него.+ 11  Во него има неволји, на неговиот плоштад постојано има угнетување и измама.+ 12  Зашто, не ме срамеше мојот непријател,+ тоа би го поднел. Не се дигаше вообразено над мене оној што многу ме мрази,+ од него би се скрил.+ 13  Туку тоа го правеше ти, смртен човеку еднаков на мене,+ мој пријателе, мој другару.+ 14  А толку блиски другари бевме,+ со мноштвото одевме во Божјиот дом.+ 15  Пустош нека дојде на нив!+ Живи нека слезат во гробот,*+ зашто, додека живееја во туѓина, злото беше во нив.+ 16  А јас ќе го повикувам Бог Јехова,+ и тој ќе ме спаси.+ 17  Навечер и наутро и напладне ме обземаат грижи, па липам,+ а тој го слуша мојот глас.+ 18  Ќе ја откупи мојата душа и ќе ѝ даде мир од борбата што се води против мене,+ зашто, цели мноштва се подигаат против мене.+ 19  Бог, кој седи на престолот како и во минатото,+ ќе чуе и ќе им врати+ (Села) на оние што не се менуваат+ и не се бојат од него.+ 20  Тој* крена рака на оние што се во мир со него,+ го оскверни сојузот што го склучи.+ 21  Зборовите на неговата уста се помазни од маст,+ но неговото срце е воинствено.+ Неговите зборови се поблаги од масло,+ а всушност се мечеви извлечени.+ 22  Фрли го своето бреме на Јехова,*+ и тој ќе те поткрепи.+ Никогаш нема да дозволи праведникот да се сопне.+ 23  А ти, Боже, ќе ги собориш во најдлабоката јама.+ Луѓе виновни за крв и измамници нема да проживеат ни половина од своите денови.+ А јас ќе се надевам на тебе.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Буквално: „шеолот“.
Веројатно „тој“ се однесува на поранешниот пријател на псалмистот, кој е спомнат во стиховите 12-14.
Или: „Довери му ги на Јехова своите грижи“.