Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 54:1-7

На управителот, за жичени инструменти. Маскил.* Давидов псалм. Кога Зифејците дојдоа и му рекоа на Саул: „Зарем не се крие Давид кај нас?“+ 54  Боже, со своето име спаси ме+ и со својата сила брани ме на суд.+   Боже, чуј ја мојата молитва,+ приклони го увото кон зборовите на мојата уста.+   Зашто, туѓинци се кренаа против мене и насилници, кои ја бараат мојата душа.+ Тие го немаат Бог пред себе.+ (Села)   Гледај, Бог ми е помошник,+ Јехова е меѓу оние што ја крепат мојата душа.   Тој ќе им врати со зло на моите непријатели.+ Сотри* ги со својата вистинољубивост.+   Од сѐ срце ќе ти принесам жртва.+ Ќе го фалам твоето име, Јехова, зашто тоа е добро.+   Зашто, тој ме избави од секоја неволја,+ и моето око им се ситеше на моите непријатели.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Буквално: „Замолчи“.