Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 53:1-6

На управителот, за махалат.*+ Маскил.* Давидов псалм. 53  Безумникот си вели во срцето: „Не постои Јехова!“+ Тие постапуваат расипано, прават одвратни дела во својата неправедност,+ нема човек што прави добро.+   А Јехова Бог ги гледа од небото синовите човечки+ за да види има ли некој што е разборит,* има ли некој што го бара него.+   Сите отстапија, сите тие се расипани,+ нема човек што прави добро,+ ниту еден.   Зар никој од оние што прават зло не научил ништо,+ никој од оние што го јадат мојот народ како леб?+ Тие не го повикуваат Јехова.+   Тогаш* ги обзеде голем страв,+ таму каде што страв немаше,+ зашто Бог ќе ги растури коските на оние што го подигаат својот логор против тебе.+ Ти ќе ги посрамиш, зашто Јехова ги отфрли.+   О, кога би дошло за Израел величественото спасение од Сион!+ Кога Јехова ќе го врати својот заробен народ,+ нека се весели Јаков, нека се радува Израел!+

Фусноти

„Ммахалат“ — хебрејски збор; веројатно е музички израз.
Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Види ја фуснотата за изразот „разборитост“ во Из 1:3.
Буквално: „Таму“.