Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 52:1-9

На управителот. Маскил.* Давидов псалм, кога дојде Доик Едомецот и му јави на Саул дека Давид дошол во куќата на Ахимелех.+ 52  Зошто се фалиш со зло, силнику?+ Божјата милост* трае по цел ден.+   Твојот јазик смислува неволји, како брич е наострен+ и измамува.+   Повеќе го сакаш злото отколку доброто,+ повеќе лагата отколку праведниот збор.+ (Села)   Ги сакаш сите погубни зборови,+ јазику измамнички!+   Бог ќе те урне засекогаш,+ ќе те собори и ќе те исфрли од твојот шатор,+ ќе те искорени од земјата на живите.+ (Села)   Праведниците ќе го гледаат тоа и ќе се плашат,+ и ќе му се смеат на таквиот.+   Таквиот човек не го смета Бог за своја тврдина,+ туку ја полага довербата во своето големо богатство,+ наоѓа засолниште во злото што го прави.+   А јас ќе бидам како маслинка што се зеленее+ во Божјиот дом. За навек, за сета вечност ја полагам довербата во Божјата милост.*+   Ќе те фалам довека, поради делата што ги направи,+ и ќе се надевам на твоето име пред оние што ти се лојални, зашто тоа е добро.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.