Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 50:1-23

Асафова+ песна. 50  Моќниот+ Бог Јехова+ зборува+ и ја довикува земјата,+ откај што изгрева сонцето докај што заоѓа.+   Бог засвети+ од Сион, совршенството на убавината.+   Нашиот Бог ќе дојде и нема да молчи.+ Пред него оган проголтува+ и насекаде околу него луња беснее.+   Тој ги довикува небесата во висините и земјата+ за да изврши пресуда над својот народ:+   „Соберете ги кај мене оние што ми се лојални,+ оние што над жртва го склучија мојот сојуз“.+   Небесата ја објавуваат неговата праведност,+ зашто Бог е Судија.+ (Села)   „Слушај, народе мој, јас ќе зборувам,+ Израеле, ќе сведочам против тебе.+ Јас сум Бог, твојот Бог.+   Не те укорувам за твоите жртви,+ ниту за твоите цели жртви паленици што се постојано пред мене.+   Нема да го земам бикот од твојот дом,+ ниту јарецот од твоите трла. 10  Зашто, мои се сите шумски животни,+ ѕверките во илјадниците планини.+ 11  Го познавам секое крилесто суштество на планините+ и мноштвото полски животни се мои.+ 12  Кога би бил гладен, не би ти кажал, зашто моја е земјата+ и сѐ што е на неа.+ 13  Зарем ќе јадам месо од јаки бикови+ и ќе пијам крв од јарци?+ 14  Принеси му на Бог благодарност како жртва+ и исполни ги заветите што си му ги дал на Севишниот.+ 15  Повикај ме во денот на неволја.+ Ќе те избавам, а ти ќе ме славиш.+ 16  А на злиот, Бог ќе му рече:+ „Кој ти дал право да ги набројуваш моите уредби+ и да го спомнуваш мојот сојуз?+ 17  Ти ја мразиш поуката*+ и ги фрлаш зад грб моите зборови.+ 18  Кога и да виде крадец, на него гледаше со благонаклоност,+ и се здружи со прељубниците.+ 19  Ја пушти устата да зборува зло+ и на јазикот ти е измамата.+ 20  Седиш со другите и зборуваш против својот брат,+ зборуваш лошо за синот на својата мајка.+ 21  Сето тоа го правеше, а јас молчев.+ Мислеше дека ќе бидам како тебе.+ Ќе те укорам+ и сето тоа ќе ти го изнесам пред очи.+ 22  Сфатете го тоа, ве молам, вие што го заборавате Бог,+ за да не ве растргнам, зашто ќе нема кој да ве избави.+ 23  Кој принесува благодарност како своја жртва, тој ме слави.+ Кој се држи за правиот пат, нему ќе му дозволам да го види спасението од Бог“.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Из 1:2.