Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 5:1-12

На управителот, за нехилот.* Давидова песна. 5  О Јехова, отвори го увото+ за моите зборови, слушни* ги моиве воздишки.   Чуј го мојот лелек,+ Царе мој+ и Боже мој, зашто тебе ти се молам.+   Јехова, наутро ќе го чуеш мојот глас,+ наутро ќе ти се обратам тебе и будно ќе чекам.+   Зашто, ти не си Бог кој се радува на злото,+ злиот кај тебе не може да живее ни за кратко.+   Фалбаџиите не можат да стојат пред твоите очи.+ Ти ги мразиш сите што прават зло,+   ќе ги истребиш оние што кажуваат лаги.+ Јехова се гади од човек што пролева крв+ и мами.+   А јас, поради изобилството на твојата голема милост,*+ ќе дојдам во твојот дом,+ во страв пред тебе ќе се поклонам свртен кон твојот свет храм.+   О Јехова, води ме во својата праведност,+ и така зачувај ме од моите непријатели,+ својот пат израмни го пред мене.+   Зашто, во нивната уста нема ништо веродостојно,+ однатре се полни со зло.+ нивното грло е гроб отворен,+ се служат со ласкав јазик.+ 10  Бог навистина ќе ги смета за виновни,+ ќе пропаднат поради своите намери.+ Поради мноштвото нивни престапи, нека бидат расеани,+ зашто се побунија против тебе.+ 11  Но ќе се радуваат сите на кои ти си им засолниште,+ ќе викаат радосно за навек.+ Ти ќе ги засолниш. Оние што го сакаат твоето име ќе ликуваат поради тебе.+ 12  Зашто ти, Јехова, ќе го благословиш праведникот.+ Како со голем штит+ ќе го закрилиш со својата милост.+

Фусноти

„Нехилот“ — хебрејски израз чие точно значење не е познато; можеби е назив на музички инструмент или ознака за некој вид песна.
Или: „разбери“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.