Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 49:1-20

На управителот. Псалм од синовите на Кореј.+ Песна. 49  Чујте го ова, сите народи! Приклонете уво, сите жители на овој век,+   синови земни и синови човечки, богати и сиромашни заедно!+   Мојата уста ќе го зборува она што е мудро+ и моето срце ќе размислува за она што е разборито.+   Кон изреката ќе го приклонам своето уво,+ со харфа ќе ја објаснам својата загатка.+   Зошто да се плашам во злите денови,+ кога ќе ме опколи престапот на оние што ме газат?+   Од оние што имаат доверба во својот имот+ и кои се фалат со своето големо богатство,+   никој не може да го откупи братот,+ и не може да му даде на Бог откуп за него   (откупнината за нивната душа е толку висока+ што останува неплатена довека),   па да живее засекогаш и да не ја види гробната јама.+ 10  Зашто, тој гледа дека и мудрите умираат,+ гинат и безумните и неразумните,+ и на други им го оставаат својот имот.+ 11  Во себе имаат желба нивните куќи да траат довека,+ нивните шатори од поколение во поколение.+ Своите земјишни поседи ги нарекуваат со своето име.+ 12  Но земниот човек, макар и да е почитуван, не може да остане жив,+ навистина е како животните што гинат.+ 13  Тоа е патот на оние што се полни со безумство+ и на оние што ги следат и уживаат во нивните фалбаџиски зборови. (Села) 14  Како овци, одредени се за гробот,*+ смртта ќе им биде пастир,+ а справедливите ќе владеат наутро над нив+ и секоја трага од нив ќе исчезне,+ секој од нив заминува во гробот,* а не во возвишено живеалиште.+ 15  Но Бог ќе ја откупи мојата душа од раката на гробот,*+ тој ќе ме прими. (Села) 16  Нека не те плаши тоа што некој се богати,+ што расте славата на неговата куќа,+ 17  зашто, кога ќе умре, не може ништо да понесе со себе,+ и неговата слава нема да слезе со него.+ 18  Зашто, додека беше жив ја благословуваше својата душа.+ (Луѓето ќе те фалат затоа што си правиш добро себеси.)+ 19  Но неговата душа сепак не оди подалеку отколку поколението на неговите татковци.+ Никогаш повеќе нема да ја видат светлината.+ 20  Земниот човек што не разбира, макар и да е почитуван,+ навистина е како животните што гинат.+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.
Буквално: „шеолот“.