Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 47:1-9

На управителот. Псалм од синовите на Кореј. Песна. 47  Ракоплескајте, сите народи!+ Извикувајте му победнички на Бог со радосен извик!+   Зашто, Јехова, Севишниот, влева страв,+ тој е велик Цар над целата земја.+   Под нас ќе покори народи+ и под нашите нозе — племиња.+   Ќе ни го избере нашето наследство,+ гордоста на Јаков, кого го сакаше.+ (Села)   Бог се вознесе со радосни извици,+ Јехова — со звук на рог.+   Фалете го Бог со песна, фалете го со песна!+ Фалете го со песна нашиот Цар, фалете го со песна!   Зашто, Бог е Цар на целата земја.+ Фалете го со песна и постапувајте разборито!+   Бог стана цар над народите.+ Бог седна на својот свет престол.+   Народните достоинственици се собираат+ со народот на Авраамовиот+ Бог. Зашто, на Бог му припаѓаат оние што се штитови на земјата.+ Тој се вознесе многу високо.+

Фусноти