Префрли се на текстот

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

Select language македонски

Псалми 46:1-11

На управителот. Псалм од синовите на Кореј,+ за „Девојките“. Песна. 46  Бог ни е прибежиште и сила,+ помош која лесно се наоѓа во неволја.+   Затоа нема да се плашиме, дури и земјата да се преобрази+ и планините да се затресат и да се урнат во срцето на големото море,+   и неговите води да се разбрануваат, да се запенат,+ и планините да се потресат од неговиот татнеж.+ (Села)   Постои река чиишто потоци го радуваат Божјиот град,+ најсветото величествено живеалиште на Севишниот.+   Бог е среде тој град,+ затоа нема да се разниша.+ Бог ќе му помогне наутро кога ќе се раздени.+   Народите се вознемирија,+ царствата се разнишаа. Тој го пушти гласот, земјата почна да се топи.+   Јехова над војските е со нас,+ Богот на Јаков е за нас сигурна тврдина на високо место.+ (Села)   Дојдете, гледајте ги делата на Јехова,+ зачудувачките работи што ги направи на земјата!+   Ги прекинува војните до крајот на земјата.+ Го крши лакот, го здробува копјето,+ со оган ја пали колата.+ 10  „Покорете се и сознајте дека јас сум Бог!+ Ќе се возвишам меѓу народите,+ ќе се возвишам на земјата.“+ 11  Јехова над војските е со нас,+ Богот на Јаков е за нас сигурна тврдина на високо место.+ (Села)

Фусноти