Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 45:1-17

На управителот, за „Криновите“. Псалм од синовите на Кореј. Маскил.* Песна за љубените жени. 45  Добар збор навира од моето срце.+ Велам: „Моето дело зборува за царот“.+ Мојот јазик нека биде перо+ на вешт препишувач.+   Поубав си од синовите човечки,+ милост се излеала на твоите усни,+ затоа Бог те благословил довека.+   Препаши го мечот+ на бедрото, јунаку силен,+ својата чест и својата величественост!+   Во својата величественост успешно изврши ја својата задача,+ јавај застапувајќи ги вистината, понизноста и праведноста,+ и твојата десница ќе те поучи за застрашувачки дела.+   Остри се твоите стрели — под тебе паѓаат народи+ се забодуваат во срцето на непријателите на царот.+   Бог е твојот престол за навек, за сета вечност,+ жезолот на твоето царување е жезол на справедливоста.+   Ја сакаш праведноста+ и го мразиш злото.+ Затоа Бог, твојот Бог,+ те помаза+ со масло на радоста+ повеќе отколку твоите другари.*+   Сите твои облеки мирисаат на смирна, алое и касија,+ од величествената палата од слонова коска+ те весели звукот од жичените инструменти.   Меѓу твоите мили жени има царски ќерки.+ Царицата+ ти стои оддесно во офирско злато.+ 10  Слушај, ќерко, погледни и приклони го увото, заборави го својот народ и домот на својот татко.+ 11  Царот ќе копнее по твојата убавина,+ зашто тој е твојот господар,+ затоа поклони му се.+ 12  И тирската ќерка носи дар.+ Богати луѓе од народот ќе сакаат да го смилостиват* твоето лице.+ 13  Царската ќерка е преубава во куќата,+ облеката ѝ е извезена со злато. 14  Во исткаено руво ќе ја доведат кај царот.+ Девиците во нејзина придружба, нејзини другарки, ги воведуваат кај тебе.+ 15  Ќе ги доведат со радост и веселба, Ќе влезат во царската палата. 16  На местото на твоите прататковци+ ќе бидат твоите синови,+ кои ќе ги поставиш за кнезови по целата земја.+ 17  Ќе им го споменувам твоето име во сите идни поколенија.+ Затоа, народите ќе те фалат довека, во сета вечност.

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Види ја фуснотата за Ев 1:9.
Буквално: „омекнат“.