Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 44:1-26

На управителот. Псалм од синовите на Кореј.+ Маскил.* 44  Боже, со свои уши чувме, нашите татковци ни раскажуваа+ за делата што си ги направил во нивните дни,+ во дамнешни дни.+   Со своја рака си ги истерал народите,+ а нив си ги засадил.+ Си разбил племиња и си ги избркал.+   Зашто, со свој меч не ја зазеле земјата+ и нивната рака не им донела спасение,+ туку тоа го направила твојата десница и твојата рака+ и светлината на твоето лице, зашто си ги сакал.+   Ти си мој Цар, Боже.+ Заповедај да дојде величественото спасение за Јаков.+   Со твоја помош ќе ги собориме своите противници,+ во твое име ќе ги згазиме оние што се креваат против нас.+   Зашто, немав доверба во својот лак+ и не ме спаси мојот меч.+   Ти нѐ спаси од нашите противници+ и ги посрами оние што многу нѐ мразат.+   На Бог ќе му даваме фалба по цел ден+ и довека ќе го фалиме твоето име.+ (Села)   А сега нѐ отфрли и нѐ понижуваш+ и не одиш со нашите војски.+ 10  Дозволуваш да го свртиме грбот пред противникот.+ Нѐ ограбуваат оние што многу нѐ мразат.+ 11  Нѐ даде како овци за да нѐ јадат+ и нѐ расеа меѓу народите.+ 12  Евтино го продаде својот народ+ и не се збогати со неговата продажба. 13  Нѐ направи за потсмев пред соседите,+ за подбив и за исмејување пред сите што се околу нас.+ 14  Ти предизвика народите да зборуваат со презир за нас,*+ и племињата да мавтаат подбивно со главата кога ќе нѐ видат.+ 15  Моето понижување е пред мене по цел ден и срам ми го прекри лицето+ 16  поради гласот на оној што ме срамоти и погрдно зборува за мене, поради непријателот и оној што ми се одмаздува.+ 17  Сето тоа нѐ снајде, а не те заборавивме+ и не го подгазивме твојот сојуз.+ 18  Нашето срце не отстапи безверно,+ ниту нашите чекори скршнаа од твојата патека.+ 19  Зашто, ти нѐ сотре на местото на кое се собираат шакалите+ и нѐ прекриваш со густа темнина.+ 20  Да го заборавевме името на нашиот Бог или во молитва да ги ширевме рацете кон туѓ бог,+ 21  зар Бог не би дознал за тоа?+ Зашто, тој ги познава тајните на срцето.+ 22  А поради тебе постојано нѐ убиваат, нѐ сметаат за овци за колење.+ 23  Стани! Зошто спиеш, Јехова?+ Разбуди се! Немој засекогаш да нѐ отфрлаш!+ 24  Зошто го криеш лицето? Зошто ги забораваш нашата неволја и нашето страдање?+ 25  Нашата душа се свитка до правот,+ стомакот ни се залепи за земја. 26  Стани да ни помогнеш+ и откупи нѐ поради својата милост.*+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Буквално: „Нѐ направи изрека (пословица)“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.