Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 42:1-11

На управителот. Маскил* за синовите на Кореј.+ 42  Како што срната копнее по потоци со вода, така мојата душа копнее по тебе, о Боже.+   Мојата душа  жеднее за Бог,+ за живиот Бог.+ Кога ќе дојдам и ќе се појавам пред Бог?+   Солзите мои ми станаа леб дење и ноќе,+ додека тие по цел ден ми велат: „Каде е твојот Бог?“+   Душата во мене гине+ кога ќе се сетам како одев со мноштвото и чекорев полека пред него во Божјиот дом,+ со извици на радост и благодарење,+ со извици на мноштво што празнува.+   Зошто си очајна, душо моја,+ зошто си немирна во мене?+ Чекај го Бог,+ зашто јас и понатаму ќе го фалам како свој голем спасител.+   Боже мој, мојата душа е очајна во мене.+ Затоа се сеќавам на тебе,+ од јорданската земја и од врвовите на Хермон,+ од малата планина.+   Водна бездна на водна бездна ѝ довикува со шумот на твоите водопади. Сите разбеснети води и твоите бранови+ поминаа преку мене.+   Дење Јехова ќе ја испраќа својата милост,*+ а јас ќе пеам за него ноќе+ и ќе му се молам на Бог, кој ми дава живот.+   Ќе му речам на Бог, карпата моја:+ „Зошто ме заборави?+ Зошто одам натажен додека непријателот ме угнетува?“+ 10  Коските ми се кршат од подбивите на противниците,+ кои по цел ден ми велат: „Каде е твојот Бог?“+ 11  Зошто си очајна, душо моја,+ зошто си немирна во мене?+ Чекај го Бог,+ зашто јас и понатаму ќе го фалам како свој голем спасител и како свој Бог!+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 32, наслов.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.