Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 41:1-13

На управителот. Давидова песна. 41  Среќен е оној што постапува обѕирно со бедниот,+ Јехова ќе го избави во денот на неволја.+   Јехова ќе го заштити и ќе му го зачува животот.+ Ќе биде прогласен за среќен на земјата,+ и ти нема да ѝ го предадеш на душата на неговите непријатели.+   Јехова ќе го поткрепи кога ќе лежи болен в постела.+ Ќе се грижиш за него* додека е болен.+   А јас реков: „Јехова, смилувај ми се!+ Излекувај ми ја душата, зашто ти згрешив“.+   Моите непријатели зборуваат лошо за мене:+ „Кога ќе умре и кога ќе го снема неговото име?“   И ако дојде некој да ме види, неговото срце кажува невистина,+ тој собира зло, потоа излегува и зборува надвор за тоа.+   Сите што ме мразат си шепотат еден на друг против мене,+ ми смислуваат зло:+   „Зло се излеало на него.+ Штом паднал в постела, повеќе не станува“.+   Дури и човекот што беше во мир со мене, во кого имав доверба,+ кој јадеше од мојот леб,+ се крена* против мене.+ 10  А ти, Јехова, смилувај ми се и подигни ме+ за да можам да им вратам.+ 11  По ова знам дека сум ти мил, зашто мојот непријател не извикува победнички над мене.+ 12  Ти ме поткрепи зашто сум непорочен,*+ и ќе ме ставиш да бидам пред твоето лице за навек.+ 13  Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ од век до век!+ Амин! Амин!*+

Фусноти

Буквално: „Ќе му ја промениш целата постела“.
Буквално: „ја крена петицата“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Хебрејскиот збор „амин“ значи „така е“, „така нека биде“.