Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 40:1-17

На управителот. Давидова песна. 40  Сосема се надевав на Јехова,+ и тој го приклони увото свое кон мене и го слушна моето викање за помош.+   Ме извлече од јамата полна со вода што татни,+ ме извлече од наталожена кал.+ Тогаш ми ги постави на карпа нозете,+ ми ги зацврсти чекорите.+   И в уста ми стави песна нова, фалба за нашиот Бог.+ Мнозина ќе го видат тоа и ќе се исплашат,+ и довербата во Јехова ќе ја положат.+   Среќен е човекот што ја полага довербата во Јехова+ и не гледа на луѓе дрски ниту на оние што отпаѓаат и кон лаги се свртуваат.+   Ти направи многу дела чудесни,+ о Јехова, Боже мој, и многу работи за нас си намислил+ ти нема рамен.+ Кога би раскажувал и би зборувал за нив, би ги имало повеќе отколку што би можел да ги набројам.+   Жртвата и приносот не ти беа мили,+ ти ми ги отвори ушиве.*+ Жртва паленица и жртва за грев ти не побара.+   Тогаш реков: „Еве, дојдов,+ во свитокот на книгата е напишано за мене.+   Задоволство ми е да ја вршам твојата волја, Боже мој,+ и твојот закон е длабоко во мене.+   Ја објавувам добрата вест за праведноста среде големото насобрано мноштво.+ Еве, не ги затворам усните.+ Јехова, ти добро го знаеш тоа.+ 10  Твојата праведност не ја кријам во срцето.+ Ги објавувам твојата верност и твоето спасение.+ Не ја кријам твојата милост* и твојата вистинољубивост среде големото насобрано мноштво“.+ 11  О Јехова, немој да ми ја скратиш својата сомилост!+ Твојата милост* и твојата вистинољубивост нека ме чуваат секогаш.+ 12  Зашто, ме опкружија толку неволји што не може да се избројат.+ Ме стигнаа моите престапи, и бројот не можам да им го знам,+ побројни се отколку влакната на мојата глава,+ и моето срце снеможе.+ 13  О Јехова, нека ти биде по волја да ме избавиш.+ Јехова, побрзај да ми помогнеш!+ 14  Нека се засрамат и нека се посрамат сите+ што ја бараат мојата душа за да ја погубат!+ Нека се повлечат и нека бидат понижени оние што се радуваат на мојата неволја!+ 15  Нека останат вчудовидени поради својот срам+ оние што ми велат: „Така! Така!“+ 16  Нека се веселат и нека ти се радуваат тебе+ сите што те бараат!+ Секогаш нека велат: „Да се велича Јехова“,+ оние што го љубат спасението кое доаѓа од тебе!+ 17  А мене ме притискаат неволја и мака.+ Но Јехова се грижи за мене.+ Ти си моја помош и мој избавител.+ Боже мој, немој да задоцниш!+

Фусноти

Или: „Жртва и принос не сакаше, туку ми подготви тело“, според Септуагинтата (LXX). Спореди Ев 10:5.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.