Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 4:1-8

На управителот, за жичени инструменти.+ Давидова песна. 4  Кога те повикувам, услиши ме, Боже мој праведен!+ Во мојата мака избави ме! Смилувај ми се+ и чуј ја мојата молитва!   Синови човечки, до кога ќе биде срамотена мојата слава?+ До кога ќе сакате празни работи? До кога ќе барате лага? (Села)   Знајте дека Јехова ќе постапува на посебен начин со оној што му е лојален нему,+ Јехова ќе слушне кога ќе го повикам.+   Ако се вознемирите, немојте да грешите!+ Задржете ги зборовите во своето срце, на својата постела,+ и молчете! (Села)   Принесете жртви праведни+ и имајте доверба во Јехова.+   Мнозина велат: „Кој ќе ни покаже што е добро?“ Јехова, подигни ја над нас светлината на своето лице!+   Ти ќе ми дадеш радост во срцето+ поголема од радоста што ја имаат тие кога обилно ќе им роди пченицата и кога изобилува младото вино.+   Во мир ќе легнам и ќе спијам,+ зашто ти, Јехова, самиот ми даваш да живеам без страв.+

Фусноти