Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 39:1-13

На управителот, за једутун.*+ Давидова песна. 39  Реков: „Ќе ги чувам своите патишта+ за да не згрешам со својот јазик.+ На устата ќе си ставам нарилник како стража,+ сѐ додека злосторникот е пред мене“.+   Занемев и замолкнав,+ не кажав ништо за она што е добро,+ и мојата болка е отстранета.   Срцето ми пламтеше;+ додека воздивнував, оган гореше. Реков со јазикот:   „Кажи ми, Јехова, колку брзо ќе дојде мојот крај+ и колку малобројни се моите денови,+ за да сознаам колку сум минлив.+   Еве, моите денови ги направи малобројни,+ мојот животен век е како ништо пред тебе.+ Секој земен човек, макар и да стои цврсто, е само здив.+ (Села)   Човекот навистина оди како сенка.+ Луѓето навистина залудно се расфрлаат.+ Човек трупа имот, а не знае кој ќе го собере.+   А сега, на што да се надевам, Јехова? Тебе те чекам.+   Од сите мои престапи избави ме.+ Не изложувај ме на потсмевот на безумникот!+   Останав без зборови,+ не можам уста да отворам,+ поради она што го направи ти.+ 10  Отстрани ја од мене неволјата што ми ја нанесе.+ Поради непријателството на твојата рака ме снемува.+ 11  Го укоруваш човекот поради престапот,+ и така го воспитуваш, а неговите вредни работи ги јадеш како молец.+ Секој земен човек навистина е само здив.+ (Села) 12  Чуј ја мојата молитва, о Јехова, приклони го увото кога викам за помош.+ Немој да молчиш кога леам солзи.+ Зашто, јас сум дојденец кај тебе,+ придојден како и сите мои татковци.+ 13  Одврати го погледот од мене за да се разведрам+ пред да отидам и да ме снема.“+

Фусноти

„Једутун“ — хебрејски израз чие точно значење не е познато.