Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 38:1-22

Давидов напев, за потсетување. 38  Јехова, не укорувај ме во својата јарост+ и не казнувај ме во својот гнев.+   Зашто, твоите стрели длабоко ме прободоа+ и твојата рака ме притиска.+   На моето тело нема здраво место поради твојата осуда.+ За моите коски нема мир поради мојот грев.+   Зашто, моите престапи ми се прелија преку глава,+ како тежок товар, претешки се за мене.+   Раните мои смрдат, гнојат, поради мојата безумност.+   Ме обзеде немир, целиот се подгрбавив,+ по цел ден одам натажен.+   Зашто, бедрата ми горат и нема здраво место на телото.+   Премален сум и потполно скршен, офкам од липањето на срцето свое.+   Јехова, пред тебе се сите мои желби, и воздивнувањето мое не е скриено од тебе.+ 10  Срцето силно ми чука, силата ме напушта и згасна светлината во очите мои.+ 11  Оние што ме сакаа и ми беа другари, се држат настрана од маката моја,+ и оние што ми беа пријатели, стојат далеку.+ 12  А оние што ја бараат душата моја ми поставуваат замки+ и оние што ми готват зло зборуваат за неволји+ и мрморат за измами по цел ден.+ 13  А јас сум како глув, не слушам,+ како нем, уста не отворам.+ 14  Станав како човек што не слуша, и не се правдам со зборови. 15  Зашто тебе, Јехова, те чекам,+ ти, Јехова, Боже мој, даваш одговор.+ 16  Зашто реков: „Ти да не одговореше, тие ќе се радуваа над мене.+ Ногата моја да потклекнеше,+ тие вообразено ќе се кренеа против мене“.+ 17  Зашто, за малку ќе направев погрешен чекор,+ и мојата болка беше непрестајно пред мене.+ 18  Го кажав својот престап,+ ми стана тешко поради мојот грев.+ 19  А моите непријатели се полни со сила, се засилија+ и се намножија оние што ме мразат без причина.+ 20  И ми враќаат зло за добро,+ ми се противат затоа што одам по доброто.+ 21  Не оставај ме, Јехова! Боже мој, не стој далеку од мене!+ 22  Побрзај да ми помогнеш,+ о Јехова, спасение мое!+

Фусноти