Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 35:1-28

Давидов псалм. 35  Јехова, води ја мојата парница против моите противници,+ војувај против оние што војуваат против мене.+   Земи ги малиот и големиот штит+ и стани за да ми помогнеш!+   Извлечи ги копјето и секирата со две сечила и дочекај ги моите прогонители.+ Речи ѝ на мојата душа: „Јас сум твоето спасение“.+   Нека бидат посрамени и понижени оние што ја гонат мојата душа.+ Нека отстапат и нека се посрамат оние што ми смислуваат зло.+   Нека бидат како плева на ветар,+ и ангел Јеховин нека ги растерува.+   Нивниот пат нека биде темен и лизгав,+ и ангел Јеховин нека ги гони.   Зашто, без причина и потајно ми наместија јама со мрежа,+ без причина ја ископаа за мојата душа.+   Нека дојде врз него пропаста на која не се надева+ и нека се улови во мрежата што самиот ја постави,+ пропаст нека го снајде кога ќе падне во неа.+   А мојата душа нека му се радува на Јехова,+ нека се весели поради спасението од него.+ 10  Сите мои коски нека речат:+ „Јехова, кој е како тебе?+ Го избавуваш страдалникот од оној што е појак од него,+ страдалникот и сиромавиот од оној што ги ограбува“.+ 11  Се креваат насилни сведоци,+ ме прашуваат за она што не го знам.+ 12  Ми враќаат зло за добро,+ болна загуба ѝ нанесуваат на мојата душа.+ 13  А кога тие се разболеа, јас носев козина,+ со пост ја жалостев својата душа+ и на градите ми се враќаше молитвата.+ 14  Загрижен за пријателот, за братот свој,+ одев наоколу како оној што тагува по мајка.+ Се згрбавив од жалост. 15  А кога направив погрешен чекор, тие се радуваа и се собираа,+ се собираа против мене,+ и ме удираа кога не се надевав,+ ме распарчуваа и не молчеа.+ 16  Отпадниците, кои се исмејуваат за да добијат леб,+ чкртаат со забите против мене.+ 17  О Јехова, до кога ќе го гледаш тоа?+ Избави ја мојата душа од нивните жестоки напади,+ мојата душа+ од младите лавови. 18  Ќе те фалам среде големото насобрано мноштво,+ тебе ќе те фалам меѓу многуброен народ.+ 19  Нека не се радуваат над мене оние што ми се непријатели без причина,+ нека не намигнуваат пакосно оние што без причина ме мразат.+ 20  Зашто, тие не зборуваат за мир,+ туку смислуваат+ измами против мирните луѓе на земјата. 21  Ја отвораат ширум устата против мене+ и велат: „Аха, аха, со свои очи ја видовме твојата пропаст!“+ 22  Ти гледаш, Јехова.+ Немој да молчиш!+ О Јехова, не биди далеку од мене!+ 23  Стани, разбуди се за мојот суд,+ Боже мој, Јехова, разбуди се за мојата парница!+ 24  Суди ми според својата праведност, Јехова, Боже мој,+ и нека не се радуваат над мене.+ 25  Нека не си велат во срцето: „Тоа го сакаше нашата душа!“+ Нека не велат: „Го проголтавме!“+ 26  Нека се посрамат и засрамат сите+ што се радуваат на мојата неволја.+ Нека се облечат во срам+ и понижување оние што вообразено се креваат против мене.+ 27  Нека воскликнуваат радосно и нека се веселат оние што се радуваат на мојата праведност+ и секогаш нека велат:+ „Да се велича Јехова, кој се радува на мирот на својот слуга“.+ 28  И мојот јазик нека зборува тивко за твојата праведност,+ по цел ден — за твојата фалба.+

Фусноти