Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 33:1-22

33  Извикувајте радосно, праведници, поради Јехова!+ На справедливите им прилега да упатуваат фалби.+   Благодарете му на Јехова со харфа,+ свирете му на инструмент со десет жици!+   Пејте му нова песна!+ Свирете на жиците најдобро што можете, радосно воскликнувајте!+   Зашто, речта на Јехова е исправна+ и тој е верен во сите свои дела.+   Ги сака праведноста и правдата.+ Земјата+ е полна со Јеховината милост.*   Со Јеховината реч се создадени небесата+ и со здивот* на неговата уста целата нивна војска.+   Со брана ги собира морските води,+ разбрануваните води ги става во складишта.   Нека се бојат од Јехова сите на земјата.+ Нека имаат страв+ од него сите што живеат на земјата!*   Тој рече, и настана,+ тој заповеда, и се појави.+ 10  Јехова им ги расипува намерите на народите,+ ги осуетува помислите на народите.+ 11  Намерата на Јехова останува довека,+ помислите на неговото срце од поколение во поколение.+ 12  Среќен е народот кому Јехова му е Бог,+ народот што тој си го избра за наследство.+ 13  Јехова гледа од небесата,+ ги гледа сите синови човечки.+ 14  Од местото на кое живее+ ги набљудува сите што живеат на земјата. 15  Тој им го обликува срцето на сите нив,+ внимава на сите нивни дела.+ 16  Царот не го спасува големата војска,+ јунакот не го избавува големата сила.+ 17  Измамлива е надежта дека коњот ќе донесе спасение,+ со својата голема сила тој не може да избави.+ 18  Ете, Јеховиното око е насочено кон оние што се бојат од него,+ кон оние што ја чекаат неговата милост,*+ 19  да ја избави нивната душа од смртта+ и да им го зачува животот во време на глад.+ 20  Нашата душа го чека Јехова.+ Тој е нашиот помошник и штит.+ 21  Поради него ни се радува срцето,+ зашто во неговото свето име ја полагаме довербата.+ 22  Твојата милост,* о Јехова, нека биде над нас,+ зашто тебе те чекаме.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „духот“.
Буквално: „плодното тло“.
Или: „лојална љубов“.
Или: „лојална љубов“.