Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 31:1-24

На управителот. Давидова песна. 31  Јехова, ти си ми засолниште.+ Не дозволувај да се засрамам+ никогаш. Во својата праведност избави ме.+   Приклони го своето уво кон мене.+ Избави ме брзо.+ Биди ми камена тврдина,+ куќа утврдена, за да ме спасиш.+   Зашто, ти си мојата спила и мојата тврдина,+ заради своето име+ ќе ме водиш и ќе ме упатуваш.+   Ќе ме извлечеш од мрежата која тајно ми ја наместија,+ зашто ти си ми тврдина.+   Во твои раце го доверувам својот дух.*+ Ти ме откупи,+ Јехова, Боже на вистината.+   Ги мразам оние што ги почитуваат безвредните, ништожни идоли.+ Јас имам доверба во Јехова.+   Ќе се веселам и ќе се радувам поради твојата милост,*+ поради тоа што погледна на мојата неволја.+ Ти ги знаеш маките на мојата душа+   и не ме предаде во рацете на непријателот.+ Ми ги постави нозете на широко место.+   Смилувај ми се, Јехова, зашто сум на голема мака.+ Од јад ми ослабеа окото,+ душата и утробата.+ 10  Зашто, од тага мојот живот се ближи кон крајот+ и моите години — од воздишки.+ Поради мојот престап снемав сила+ и моите коски ослабеа.+ 11  На сите што ми се противат+ им станав за подбив,+ на ближните, пак, уште повеќе,+ а на познајниците+ им минуваат морници од мене. Кога ќе ме видат надвор, бегаат од мене.+ 12  Како мртовец кој никој не го памти, јас сум заборавен,+ станав како скршен сад.+ 13  Зашто, од мнозина слушам лоши вести,+ страв насекаде.+ Кога се собираат против мене како еден,+ смислуваат како да ми ја земат душата.+ 14  А јас имам доверба во тебе, Јехова,+ и велам: „Ти си мој Бог“.+ 15  Моите денови се во твојата рака.+ Избави ме од раката на моите непријатели и од моите прогонители.+ 16  Нека засвети твоето лице над твојот слуга.+ Спаси ме со својата милост.*+ 17  О Јехова, не дозволувај да се посрамам, зашто тебе те повикувам.+ Нека се посрамат злите,+ нека замолчат во гробот.*+ 18  Нека занемат лажливите усни,+ кои надуено и со презир зборуваат незауздано против праведникот.+ 19  Колку е голема твојата добрина,+ која ја чуваш за оние што се бојат од тебе,+ и на оние што кај тебе бараат засолниште им ја покажуваш пред синовите човечки.+ 20  Од човечки заговори+ ќе ги засолниш на тајно место во твојата близина.+ Од кавгаџиски јазици+ ќе ги скриеш во својата сенка. 21  Нека е благословен Јехова,+ зашто ми ја покажа својата чудесна милост*+ во градот што го снајде несреќа.+ 22  А јас избезумено реков:+ „Ќе ме истребат од пред твоите очи“.+ Сигурно го слушна гласот на моите сесрдни молитви кога викав кон тебе за помош.+ 23  Сакајте го Јехова, сите вие што сте му лојални!+ Јехова ги чува верните,+ а во полна мера им враќа на сите што се однесуваат надуено.+ 24  Бидете храбри, и срцето нека ви биде силно,+ на сите вас што го чекате Јехова!+

Фусноти

Или: „животна сила“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „лојална љубов“.
Буквално: „шеолот“.
Или: „лојална љубов“.