Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 3:1-8

Песна на Давид, кога бегаше од својот син Авесалом.+ 3  О Јехова, зошто се толку бројни моите противници?+ Зошто мнозина се креваат против мене?+   Мнозина велат за мојата душа: „За него нема спасение од Бог!“+ (Села)*   Но ти, Јехова, си мој штит,+ моја слава,+ оној што ми ја подига главата.+   На сет глас ќе го повикувам Јехова, и тој ќе ме услиши од својата света гора.+ (Села)   Ќе легнам и ќе заспијам, а потоа ќе се разбудам, зашто Јехова ме крепи.+   Нема да ме исплашат десетте илјади луѓе, кои ме опколија од сите страни.+   Стани,+ Јехова! Спаси ме,+ Боже мој!+ Удри ги по вилиците сите мои непријатели.+ Скрши им ги забите на злите.+   Спасението е од Јехова.+ Твојот благослов нека биде над народот твој.+ (Села)

Фусноти

„Села“ — хебрејски израз кој се користел во музиката или при рецитирање; точното значење не е познато.