Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 28:1-9

Давидов псалм. 28  О Јехова, тебе те викам.+ Карпо моја, не свртувај го увото од мене,+ не молчи пред мене,+ за да не бидам како оние што заминуваат во јамата.+   Чуј го гласот на моите сесрдни молитви, кога викам кон тебе за помош, кога ги подигам рацете+ кон најприкриената просторија во твоето свето место.+   Немој да ме отстраниш со злите и со оние што прават зло,+ кои со ближниот свој зборуваат мирољубиво,+ а злото им е во срцето.+   Дај им според нивните дела+ и според злобата на нивните постапки.+ Дај им според делата на нивните раце.+ Плати им за она што го прават.+   Зашто, не им е грижа за она што Јехова го прави,+ ни за делото на неговите раце.+ Тој ќе ги урне и нема да ги изгради.   Нека е благословен Јехова, зашто го слушна гласот на моите сесрдни молитви.+   Јехова ми е сила+ и штит.+ Во него имаше доверба моето срце,+ и добив помош, па моето срце извикува.+ Со песна ќе го фалам.+   Јехова е силата на својот народ+ и тврдина што му донесува величествено спасение на својот помазаник.+   Спаси го својот народ и благослови го своето наследство,+ паси го и носи го за навек.+

Фусноти