Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 25:1-22

Давидов псалм. א [алеф]* 25  Кон тебе, Јехова, ја подигам својата душа.+ ב [бет]   Боже мој, во тебе имам доверба,+ не дозволувај да се засрамам. Не дозволувај моите непријатели да извикуваат од радост над мене.+ ג [гимел]   Нема да се осрамоти никој што се надева на тебе.+ Ќе се осрамотат оние што залудно постапуваат неверно.+ ד [далет]   Дозволи ми да ги запознаам твоите патишта, о Јехова,+ научи ме за твоите патеки.+ ה [хеј]   Упати ме да одам во твојата вистина и поучи ме,+ зашто ти си Богот на моето спасение.+ ו [вав] На тебе се надевам по цел ден.+ ז [заин]   Сети се, Јехова, на своето милосрдие+ и на својата милост,*+ зашто тие постојат отсекогаш.+ ח [хет]   На гревовите на мојата младост и на моите престапи* немој да се сеќаваш.+ Според својата милост* сети се на мене,+ поради својата добрина, о Јехова.+ ט [тет]   Добар и праведен е Јехова.+ Затоа ги учи грешниците за правиот пат.+ י [јуд]   Кротките ќе ги упати за да живеат* по неговиот закон,+ ќе ги учи кротките за својот пат.+ כ [каф] 10  Сите патеки на Јехова се милост* и вистина за оние што се држат за неговиот сојуз+ и за неговите опомени.*+ ל [ламед] 11  Заради своето име, о Јехова,+ прости ми го престапот, зашто е голем.+ מ [мем] 12  Кој човек се бои од Јехова?+ Тој ќе го поучи кој пат да го одбере.+ נ [нун] 13  Неговата душа ќе почива во добро+ и неговото потомство ќе ја поседува земјата.+ ס [самек] 14  Јехова е близок со оние што се бојат од него+ и својот сојуз тој им го објавува.+ ע [аин] 15  Моите очи се постојано насочени кон Јехова,+ зашто тој ми ги извлекува нозете од мрежа.+ פ [пе] 16  Сврти го кон мене своето лице и смилувај ми се,+ зашто сум осамен и во неволја.+ צ [цадик] 17  Се намножија маките на моето срце,+ избави ме од мојата тегоба.+ ר [реш] 18  Види ги моите неволји и моите маки+ и прости ми ги сите гревови.+ 19  Види колку се бројни моите непријатели+ и колку ме мразат со насилничка омраза.+ ש [шин] 20  Чувај ми ја душата и избави ме.+ Не дозволувај да се засрамам, зашто ти си ми прибежиште.+ ת [тав] 21  Непорочноста* и справедливоста нека ме чуваат,+ зашто на тебе се надевам.+ 22  Боже, искупи го Израел од сите негови неволји.+

Фусноти

Види ја фуснотата за Пс 9:1.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „бунтови; бунтовнички престапи“.
Или: „лојална љубов“.
Буквално: „одат“.
Или: „лојална љубов“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.