Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 24:1-10

Давидов псалм. Песна. 24  На Јехова му припаѓа земјата и сѐ што е на неа,+ светот* и оние што живеат во него.+   Зашто, ја втемелил на мориња+ и ја зацврстил на реки.+   Кој може да се искачи на Јеховината гора+ и кој може да застане на неговото свето место?+   „Оној чии раце се невини и чие срце е чисто,+ кој не ја омаловажува Мојата душа+ и не се заколнува лажно.“+   Тој ќе добие благослов од Јехова+ и ќе биде праведен пред Богот на своето спасение.+   Тоа е поколението на оние што го бараат, на оние што го бараат твоето лице, Боже Јаковов.+ (Села)   „Порти,+ подигнете ги своите глави! Порти+ прастари, подигнете се за да влезе славниот Цар!“+   „А кој е тој славен Цар?“+ „Јехова, силен и моќен,+ Јехова, моќен во бојот.“+   „Порти,+ подигнете ги своите глави! Порти прастари, подигнете се, за да влезе славниот Цар!“+ 10  „А кој е тој, тој славен Цар?“ „Јехова над војските — тој е славниот Цар!“+ (Села)

Фусноти

Буквално: „плодното тло“.