Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 22:1-31

На управителот, за „Срна во зората“. Давидова песна. 22  Боже мој, Боже мој, зошто ме остави?+ Зошто си далеку од моето спасение,+ далеку од зборовите на мојот лелек?+   О Боже мој, дење те викам, а ти не одговараш,+ ноќе те викам и не престанувам.+   А ти си свет,+ опкружен со фалбите на Израел.+   Во тебе имаа доверба нашите татковци,+ имаа доверба, и ти ги избавуваше.+   Кон тебе викаа,+ и беа спасени.+ Во тебе имаа доверба, и не се посрамија.+   А јас сум црв,+ а не човек, за потсмев на луѓето и за презир на народот.+   Сите што ме гледаат ми се потсмеваат,+ подбивно ја отвораат устата, нишаат со главата и велат:+   „Се потпре на Јехова.+ Тој нека го спаси!+ Тој нека го избави, кога му е толку мил!“+   Зашто, ти ме изведе од мајчината утроба,+ ти ми влеа доверба додека бев на градите на мајка ми.+ 10  Тебе сум ти доверен од раѓање,+ од утробата на мајка ми, ти си мојот Бог.+ 11  Не стој далеку од мене, зашто неволјата е близу,+ зашто друг помошник немам.+ 12  Ме опколи мноштво од млади бикови,+ силни васански бикови ме опкружија.+ 13  Против мене ја отвораат устата,+ како лав што раскинува плен и рика.+ 14  Се разлевам како вода,+ ми се разглобија сите коски.+ Срцето ми стана како восок,+ се топи длабоко во мојата внатрешност.+ 15  Силата ми се исуши како цреп+ и јазикот ми се залепи за непцето,+ во правот смртен ме положуваш.+ 16  Зашто, кучиња ме опколија,+ толпа злосторници ме опкружија.+ Како лав ми се нафрлија на рацете и нозете.+ 17  Сите коски можам да си ги пребројам.+ Тие гледаат втренчено во мене.+ 18  Моите алишта ги делат меѓу себе+ и фрлаат ждрепка за мојата облека.+ 19  Но ти, Јехова, не стој далеку!+ Сило моја,+ побрзај да ми помогнеш!+ 20  Избави ја од мечот мојата душа,+ мојата драгоцена душа — од шепата кучешка.+ 21  Спаси ме од устата на лавот,+ услиши ме и спаси ме од роговите на дивите бикови.+ 22  Ќе им го објавувам твоето име+ на своите браќа,+ ќе те фалам среде насобраното* мноштво.+ 23  Фалете го Јехова, вие што се боите од него!+ Славете го, сите вие кои сте потомство на Јаков!+ Бидете во страв пред него, сите вие кои сте потомство на Израел!+ 24  Зашто, тој не ја презира+ неволјата на страдалникот,+ ниту му е таа одвратна. Своето лице не го скри од него+ и го чу кога викаше кон него за помош.+ 25  Поради твоите дела ќе те фалам во големото насобрано мноштво,+ своите завети ќе ги извршам пред оние што се бојат од него.+ 26  Кротките ќе јадат и ќе се наситат,+ ќе го фалат Јехова оние што го бараат.+ Вашите срца нека живеат засекогаш.+ 27  На Јехова ќе се сетат сите земски краишта и ќе се обратат кон него.+ И племињата од сите народи ќе се поклонат пред тебе.+ 28  Зашто, на Јехова му припаѓа царската власт,+ тој владее со народите.+ 29  Сите на земјата што се гордеат со своето богатство, ќе јадат и ќе се поклонат,+ пред него ќе се поклонат сите оние што заминуваат во правот,+ и никој нема да ја зачува жива својата душа.+ 30  Потомство ќе му служи нему,+ за Јехова ќе му се кажува на идното поколение.+ 31  Ќе дојдат и ќе му раскажуваат за неговата праведност+ на народот што ќе се роди, и ќе речат дека Тој го направи тоа.+

Фусноти

„Насобраното мноштво“ — хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.