Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 21:1-13

На управителот. Давидова песна. 21  О Јехова, поради твојата моќ, царот се радува,+ а поради твоето спасение, ќе се радува уште повеќе!+   Му го даде она што му го посака срцето+ и не ја одби желбата на неговите усни.+ (Села)   Зашто, го благослови и го дарува со добри работи+ и на главата му стави круна од суво злато.+   Тој бараше од тебе живот, и ти му го даде.+ Му ги продолжи деновите за навек, за сета вечност.+   Голема е неговата слава поради спасението што го даваш ти.+ Го облекуваш со чест и величие.+   Богато го благословуваш засекогаш.+ Го веселиш со радоста што ја дава твоето лице.+   Зашто, царот има доверба во Јехова,+ во милоста* на Севишниот. Нема да се затетерави.+   Твојата рака ќе ги најде сите твои непријатели,+ твојата десница ќе ги најде оние што те мразат.   Ќе ги претвориш во вжарена печка кога ќе дојде времето да се покаже твоето лице.+ Јехова ќе ги проголта во својот гнев и оган ќе ги голтне.+ 10  Нивниот пород ќе го истребиш од земјата+ и нивното потомство од синовите човечки.+ 11  Зашто, намислија зло против тебе,+ го смислуваат она што не можат да го спроведат.+ 12  Ќе ги натераш да бегаат,+ кога ќе им ги впериш своите лакови в лице.+ 13  Возвиши се во својата сила, о Јехова!+ Ќе пееме и со песна ќе ја славиме твојата моќ.+

Фусноти

Или: „лојалната љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.