Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 20:1-9

На управителот. Давидова песна. 20  Јехова нека те услиши во денот на неволјата.+ Нека те заштити името на Јакововиот Бог.+   Нека ти испрати помош од светото место+ и нека те поддржи од Сион.+   Нека се сети на сите твои жртвени дарови+ и нека ја прифати твојата згоена жртва паленица.+ (Села)   Нека ти даде според желбата на твоето срце+ и нека ги исполни сите твои намери.+   Радосно ќе воскликнуваме поради твоето спасение+ и во името на својот Бог ќе ги подигнеме своите бајраци.+ Јехова нека ти ги исполни сите молби.+   Сега знам дека Јехова го спасува својот помазаник.+ Го услишува од своите свети небеса+ со спасоносните моќни дела на својата десница.+   Едни зборуваат за коли, други за коњи,+ а ние ќе зборуваме за името на Јехова, нашиот Бог.+   Тие се уриваат и паѓаат,+ а ние стануваме и стоиме право.+   Јехова, спаси го царот!+ Тој ќе нѐ услиши во денот кога ќе го повикаме.+

Фусноти