Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 2:1-12

2  Зошто народите се во безредие+ и племињата размислуваат за празни работи?+   Царевите на земјата се креваат+ и владетелите како еден стануваат+ против Јехова+ и против неговиот помазаник,+   па велат: „Да ги раскинеме нивните окови+ и да ги отфрлиме од себе нивните јажиња!“+   Оној што седи на небесата+ ќе се смее, Јехова лично ќе им се подбива.+   Тогаш со гнев ќе им се обрати+ и со жестоко негодување ќе ги збрка,+   велејќи: „Јас го поставив својот цар+ на Сион,+ мојата света гора“.+   Ќе ја кажам Јеховината одредба, тој ми рече: „Ти си мој син,+ јас денес ти станав татко.+   Побарај од мене+ и ќе ти ги дадам народите во наследство+ и краиштата на земјата во твоја сопственост.+   Ќе ги скршиш со железен жезол,+ како грнчарски сад ќе ги сотреш“.+ 10  Затоа, цареви, постапете разборито! Прифатете го укорот, вие судии на земјата!+ 11  Служете му на Јехова со страв+ и радувајте се со трепет!+ 12  Поздравете го* синот+ за Бог да не се разгневи и пропаста да не ве тргне од патот,+ зашто Божјата лутина лесно пламнува.+ Среќни се сите на кои Бог им е засолниште.+

Фусноти

Буквално: „Бакнете го“.