Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 19:1-14

На управителот. Давидова песна. 19  Небесата ја објавуваат Божјата слава,+ небесниот свод зборува за делата на неговите раце.+   Секој ден зборува за тоа,+ секоја ноќ открива знаење.+   Тука нема говор, тука нема зборови, од нив глас не се слуша.+   По целата земја го растегнале своето мерно јаже+ и нивните зборови отидоа до крајот на светот.*+ На небесата Бог му поставил шатор на сонцето,+   и тоа излегува како младоженец од својата свадбена одаја,+ се радува како јунак што трча по патот.+   Од едниот крај на небото тргнува, а на другиот крај го довршува своето кружење,+ и ништо не е скриено од неговата топлина.+   Јеховиниот закон+ е совршен,+ ја крепи* душата.+ Опомената*+ од Јехова е веродостојна,+ му дава мудрост на неискусниот.+   Јеховините наредби+ се исправни,+ го веселат срцето,+ Јеховината заповед+ е чиста,+ им дава сјај на очите.+   Стравот+ од Јехова е чист, останува засекогаш. Јеховините пресуди+ се сушта вистина,+ сосема се праведни.+ 10  Треба да ги посакуваш повеќе отколку злато, повеќе отколку куп суво злато,+ послатки се од медот,+ од медот што тече од саќето.+ 11  Тие го опоменуваат твојот слуга.+ Тој што се држи за нив, прима голема награда.+ 12  Но кој ќе ги препознае своите грешки?+ Исчисти ме од гревовите за кои не сум свесен.*+ 13  И од вообразени постапки чувај го својот слуга,+ не дозволувај да овладеат со мене.+ Тогаш ќе бидам целосно оддаден+ и ќе останам чист од многу престапи. 14  Зборовите на мојата уста и размислувањето на моето срце+ нека ти бидат пријатни, о Јехова, Карпо моја+ и Откупителу мој.+

Фусноти

Буквално: „плодното тло“.
Буквално: „враќа“.
Види ја фуснотата за Пс 119:2.
Или: „од тајните гревови“.