Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 18:1-50

На управителот. Од Јеховиниот слуга Давид, кој му ја испеа на Јехова оваа песна во денот кога Јехова го избави од рацете на сите негови непријатели и од рацете на Саул.+ Тој рече: 18  Ќе те сакам, Јехова, сило моја.+   Јехова е моја спила, моја тврдина и мој избавител.+ Мојот Бог е мојата карпа. Тој ми е прибежиште,+ штит и рог на моето спасение, моја сигурна тврдина на високо место.+   Ќе го повикам Јехова, кој е достоен за фалба,+ и ќе бидам избавен од своите непријатели.+   Јажињата на смртта ме обвија,+ порои од никаквеци ме плашеа.+   Јажињата на гробот* ме опколија,+ замките на смртта се испречија пред мене.+   Во својата неволја го повикував Јехова, го викав својот Бог за помош.+ Тој го слушна мојот глас од својот храм,+ и мојот вик сега дојде до неговите уши.+   Земјата се заниша и се затресе,+ темелите на планините се поместија,+ се занишаа, зашто тој се разгневи.+   Чад излезе од неговите ноздри и од неговата уста вивна оган што проголтува,+ вжарени јаглења скокаа од него.   Ги наведна небесата и слезе.+ Под неговите нозе имаше темни облаци. 10  Седна на херувим* и долета,+ дојде брзо на крилјата на еден ангел.*+ 11  Од темнината си направи скривалиште,+ насекаде околу него, како негов шатор, имаше црни дождовни облаци.+ 12  Со светкањето на молњите поминуваа пред него неговите облаци,+ град и разгорени јаглења.+ 13  Згрме Јехова  на небесата,+ Севишниот го пушти својот глас,+ град и јаглења разгорени. 14  Ги праќаше своите стрели за да ги распрсне,+ фрлаше молњи за да ги збуни.+ 15  Речните корита се покажаа+ и се открија темелите на земјата*+ од твојата закана, Јехова, од силниот здив на твоите ноздри.+ 16  Тој ја подаде раката од висина, ме фати+ и ме извлече од длабока вода.+ 17  Ме избави од мојот силен непријател+ и од оние што ме мразат, зашто беа посилни од мене.+ 18  Се креваа против мене во денот на мојата неволја,+ но Јехова ми беше потпора.+ 19  Ме изведе на широко место,+ ме избави, зашто сум му мил.+ 20  Јехова ме наградува според мојата праведност,+ според чистотата на моите раце тој ми возвраќа.+ 21  Зашто, се држев за Јеховините патишта+ и не се одметнав од својот Бог.+ 22  Сите негови закони се пред мене+ и неговите одредби не ги отфрлам од себе.+ 23  Ќе бидам непорочен* пред него+ и ќе се пазам да не направам престап.+ 24  А Јехова нека ми возврати според мојата праведност,+ според чистотата на моите раце пред неговите очи.+ 25  Со лојалниот постапуваш лојално,+ со непорочниот — непорочно,+ 26  со оној што е чист постапуваш чисто,+ а расипаниот го надмудруваш,+ 27  зашто, ти го спасуваш народот што е во неволја,+ а вообразените очи ги понижуваш.+ 28  Зашто, ти ја палиш мојата светилка, о Јехова,+ мојот Бог ја осветлува мојата темнина.+ 29  Со твоја помош можам и на разбојничка дружина да удрам,+ со помошта на својот Бог можам и на ѕидишта да се качам.+ 30  Патот на вистинскиот Бог е совршен,+ Јеховината реч е чиста.+ Тој им е штит на сите што бараат засолниште кај него.+ 31  Зашто, кој е Бог освен Јехова?+ И кој е карпа освен нашиот Бог?+ 32  Вистинскиот Бог цврсто ме препашува со сила,+ мојот пат ќе го направи совршен,+ 33  зашто, ми дава нозе како на срна,+ и ме става да стојам на места што се високи за мене.+ 34  Ги учи моите раце да војуваат,+ па моите мишки го оптегнуваат бакарниот лак.+ 35  Ти ми го даваш својот штит на спасението,+ твојата десница ме поддржува,+ твојата понизност ме прави голем.+ 36  На моите чекори им правиш место+ и моите глуждови не попуштаат.+ 37  Ги гонам своите непријатели  и ги стигнувам, и не се враќам додека не ги истребам.+ 38  Ги здробувам, така што не можат да станат,+ паѓаат под моите нозе.+ 39  Ти ме препашуваш со сила за војна, ги соборуваш под мене оние што стануваат против мене.+ 40  Моите непријатели ги тераш да бегаат пред мене.*+ Јас ги сотирам* оние што многу ме мразат.+ 41  Тие викаат за помош, но нема спасител,+ го викаат Јехова за помош, но тој не ги услишува.+ 42  Ги здробувам како прав на ветрот,+ ги исфрлувам како улична кал.+ 43  Ти ме избавуваш од приговарањето на мојот народ.+ Ме поставуваш за поглавар на народите.+ Народ кој не го познавав ми служи.+ 44  Штом ќе слушнат за мене, ми се покоруваат;+ туѓинци покорно доаѓаат кај мене.+ 45  Туѓинците венеат, треперејќи излегуваат од своите тврдини.+ 46  Жив е Јехова!+ Нека е благословена мојата Карпа+ и нека е возвишен Богот на моето спасение!+ 47  Вистинскиот Бог ми дава одмазда+ и ми ги покорува народите.+ 48  Ме избавува од моите лути непријатели.+ Ме подигаш+ над сите што се креваат против мене, од човек насилник ме избавуваш.+ 49  Затоа те фалам меѓу народите, о Јехова,+ со песна го славам твоето име.+ 50  Тој му дава големи победи на својот цар+ и му покажува милост* на својот помазаник+ на Давид и на неговото потомство довека.+

Фусноти

Буквално: „шеолот“.
Херувими се ангели на висока положба.
Или: „ветар; дух“.
Буквално: „плодното тло“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Или: „Ми ја даваш (подаваш) шијата на моите непријатели“.
Буквално: „Јас ќе ги замолчам“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.