Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 17:1-15

Давидова молитва. 17  Чуј го, Јехова, она што е праведно, слушни го моето преколнување,+ отвори го увото за молитвата од моите усни на кои нема измама.+   Од тебе нека ми дојде правдата,+ твоите очи нека ја видат справедливоста.+   Испитај го моето срце, прегледај го ноќе,+ пречисти ме — ќе видиш дека не смислував зло.+ Мојата уста нема да згреши.+   А за човечките дела велам: според зборовите на твоите усни се чувам од разбојничките патишта.+   Моите чекори нека се држат за твоите патеки,+ на кои нозете мои сигурно нема да се лизнат.+   Те повикувам, зашто ќе ме услишиш, о Боже.+ Приклони го кон мене своето уво! Чуј ги моите зборови!+   Направи прекрасни дела поради твојата милост,*+ ти кој ги спасуваш оние што бараат прибежиште од луѓе кои се бунат против твојата десница.+   Чувај ме како зеницата на окото,+ скриј ме во сенката на своите крилја+   од злите што ме ограбија. Ме опколуваат непријателите на мојата душа.+ 10  Го затворија своето бесчувствително срце,*+ зборуваат надмено со својата уста;+ 11  И сега, ги опколуваат нашите чекори,+ ги вперуваат очите за да нѐ соборат на земја.+ 12  Секој од нив е сличен на лав кој сака да го раскине пленот+ и на млад лав кој седи скриен. 13  Стани, Јехова, спротивстави му се в лице,+ принуди го да се поклони, со својот меч+ избави ја мојата душа од злиот, 14  од луѓето избави ме со својата рака, Јехова,+ од луѓето на овој век,+ на кои им се важни само желбите на овој живот+ и на кои им го полниш стомакот со своето скриено богатство,+ кои имаат мноштво синови+ и го чуваат за своите деца она што ќе им преостане.+ 15  А јас ќе го гледам твоето лице во праведност,+ ќе бидам задоволен кога ќе се разбудам и ќе ја видам твојата појава.+

Фусноти

Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „Се затворија во сопственото сало“.