Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

Псалми 16:1-11

Давидов миктам.* 16  Чувај ме Боже, зашто ти си ми прибежиште.+   Му реков на Јехова: „Ти си Јехова — мојата доброта не ти користи тебе,+   туку им користи на светите што се на земјата. Во нив, славните, е сета моја радост“.+   Им се множат болките на оние што, кога ќе се појави некој друг, трчаат по него.+ Нивните крвни жртви налевници+ јас нема да ги излевам и нивните имиња на моите усни нема да ги носам.+   Јехова е дел од наследството мое+ и од чашата моја.+ Ти цврсто го држиш моето наследство.   Добив прекрасно наследство.*+ Мил ми е мојот посед.   Ќе го благословувам Јехова, кој ме советува.+ Ноќе ме опоменуваат моите бубрези.*+   Постојано го имам Јехова пред себе.+ Тој ми е оддесно, затоа нема да се затетеравам.+   Затоа се радува моето срце и се весели мојата душа.*+ А телото мое ќе почива спокојно.+ 10  Зашто, нема да ја оставиш мојата душа во гробот.*+ Нема да дозволиш твојот лојален слуга да ја види јамата.+ 11  Ќе ми дадеш да го запознаам патот на животот.+ Твоето лице ќе ме насити со радост,+ а во твојата десница е вечното блаженство.+

Фусноти

„Миктам“ — хебрејски музички израз чие точно значење не е познато.
Буквално: „На прекрасно [место] ми паднаа мерните јажиња“.
Или: „најскриени чувства“.
Буквално: „слава“.
Буквално: „шеолот“.